Почетен курс за Википедија



Vujaklija, добредојдовте на Википедија на македонски јазик, слободна on-line енциклопедија започната во август 2003 година!

Ве повикуваме на заедничка соработка при создавањето на нови енциклопедиски содржини и подобрување на постоечките 143.800 статии.


Еве неколку страници кои може да ви бидат од помош:


Своите придонеси во статиите не ги потпишувајте, додека коментарите на соодветните страници за разговор, корисничките страници и селската чешма Ве молиме да ги потпишувате на тој начин што ќе притиснете на копчето од лентата со алати или ако напишете 4 тилди (~~~~).

Сопствената корисничка страница (Корисник:Vujaklija) можете да ја уредувате по сопствена желба во согласност со правилата за уредување на корисничките страници.


Ве молиме не вметнувајте заштитени материјали без дозвола од нивниот сопственик!

Не копирајте содржини од други веб страници ако немате добиено изрична согласност за тоа. Ако имате добиено согласност, напишете го тоа на страницата за разговор или едноставно додадете го тоа овде. Но задолжително, прво тоа направете го, а потоа започнете со вметнување на преземените содржини.

Ве молиме, имајте во предвид дека сите придонеси на Википедија се смета дека се објавени под ГНУ-овата Лиценца за слободна документација.


If you are not able to speak, understand or write Macedonian, please visit our Village Pump for non-Macedonian speakers if you have any suggestions or comments.


Поздрав, brest, 08:22, петок, 3 мај 2024

Викификација на статиите уреди

Здраво. Приметив дека се потрудивте со статијата за автотрансформатор. Ваквите напори за придонес во нашата енциклопедија особено ги цениме и вреднуваме, со тоа што текстот мора да се викифицира по примерот на другите статии, или пак на оригиналот од кадешто сте ја работеле (ако е превод од странска википедија). Иако не е полна викифијација (т.е. нема наводи, надворешни врски, мал список на други поврзани статии и тн.), сепак една од поосновните работи на текстот во статијата да му се постават внатрешни врски до статии за тие поими или концепти. Додадов и интервики врски до истоветните статии на другите википедии, како и категории за статијата (за да може да биде најдена и употреблива). Добар пример за ова е категоризацијата на англиската википедија (иако понекогаш не треба да се следи сосем доследно бидејќи знае да биде многу подробна). Сега можете како за илустрација да ја споредите статијата каква што е сега, или пак да ги погледате разликите помеѓу вашата и изменетата верзија. Сите напатствија се или во „Помош“ или во горниот квадрат за добредојде на корисничката страница. Најслободно обратете ми се мене (или кај некој друг администратор) за сите прашања и сугестии, или ако е потребна помош. Поздрав --Б. Јанкулоски (разговор) 13:46, 3 јуни 2010 (CEST)Одговори