Автотрансформатор

Автотрансформаторот[1][2][3][4][5] е посебен вид на трансформатор, со една фазна намотка кај кој дел од намотката припаѓа истовремено и на примарниот и секундарниот систем. Претставката „авто-“ во името се однесува на постоењето на единечна намотка, а не на некаков автоматизиран механизам во трансформаторот. Кај автотрансформаторите постојат најмалку 3 електрични приклучоци. Едниот крај на намотката е најчесто поврзан со напонски извор и со електричното оптоварување додека другиот крај на напонскиот извор и електричното оптоварување се приклучени низ должината на намотката. Во зависност од тоа како ќе се изведат приклучоците, автотрансформаторите, исто како и двонамотните трансформатори, можат да го снижуваат или повишуваат напонот (да вршат претворање на висок во низок напон, или обратно за претворање на низок во висок напон).

Шема на автотрансформатор

уреди
 

На сликата е прикажана шема на еднофазен трансформатор. На неа јасно се гледаат намотките кои припаѓаат на примарната намотка која се приклучува на мрежата за напојување на примарниот напон. Како секундарна намотка кон која се приклучуваат потрошувачите служи само еден дел од примарната намотка , при што излезните краеви од двете намотки се поврзани во заедничка точка.

Режим на празен од

уреди

Режимот на празен од на автотрансформаторите по ништо не се разликува од соодветниот режим на трансформаторите, примарната намотка се прилклучува на електрична мрежа, а секундарната намотка се остава отворена т.е. без оптоварување  . Режимот на празен од служи за определување на коефициентот на трансформација на автотрансформаторот. Тој е определен со релацијата:   Каде што   е бројот на навивки на примарната намотка, а   е бројот на навивки на секундарната намотка.

Режим на куса врска

уреди

Во режим на куса врска, примарната намотка на автотрансформаторот се приклучува на мрежа и низ неа протекува струја  , додека секундарните краеви се поврзуваат накусо и помеѓу нив протекува струја  . Овој режим служи за докажување на двокомпонетнтноста на струјата   која тече во секундарното коло: првата компонента е   која протекува само од примарната мрежа и втората   која протекува во заедничкиот дел на намотката.

Типови автотрансформатори

уреди

Во зависност од бројот на фазни намотки, автотрансформаторите можат да бидат изведени како еднофазни и трифазни автотрансформатори. Разликата мегу примарниот и секундарниот напон при трансформацијата, се движи од 10%-50% кај постарите трансформатори, па сè до 75% и повеќе кај поновите, и тоа се должи поради подобрата изолација. Од конструктивен аспект, автотрансформаторите се поедноставни од двонамотните трансформатори. Исто така, од економски аспект се поевтини, како при производство така и при експлоатација.

Наводи

уреди
  1. Paul Horowitz and Winfield Hill, The Art of Electronics Second Edition, Cambridge University Press, Cambridge MA, 1989, ISBN 0-521-37095-7, page 58
  2. "Електрични машини I" – инж. Љ. Стојковиќ
  3. "Трансформатори"– инж.Бранко Митраковиќ
  4. "Еlectrical Machines I" – Prof Krishna Vasudevan
  5. "Високонапонски ресклопни постројки" – Хрвоје Пожар