Разговор за Википедија:Речник на препорачани македонски зборови

Последен коментар: пред 2 години од Ehrlich91 на темата Википедија:Без свои истражувања

Штотуку го гледам ова, и сакам да реагирам дека ваков вид на речник нема никаква вредност, бидејќи е составен од двајца Википедијанци по свое видување, без да се јазичари. Употребата на препорачаните, посебно воведени зборови, е спорна. Поздрав - Виолетова (разговор) 15:38, 6 април 2022 (CEST)Одговори

Прв пат гледам ова. Како воведен? Кој го вовел зборот? Ние не сме ИНСТИТУТ ЗА МАКЕДОНСКИ ЈАЗИК! Добар дел од списоков нема врска со живиот македонски јазик.--Никола Стоіаноски 16:26, 6 април 2022 (CEST)Одговори
@Виолетова и MacedonianBoy: Оваа страница не е никакво напатствие, туку е список на изворни македонски зборови коишто би било пожелно да се употребуваат наместо некои зборови од странско потекло, а најголем дел од впишаните зборови ги има во дигиталниот речник на македонскиот јазик.--Kiril Simeonovski (разговор) 16:43, 6 април 2022 (CEST)Одговори
Kiril Simeonovski, Bjankuloski06, и двајцата добро знаете дека оваа страница поставена како проектна (Википедија:име на страница) е прекршување на правилата на Википедија ваква каква што е. Страницата треба да биде избришана, вие преместете ја како потстраница на вашите кориснички страници.-Виолетова (разговор) 11:00, 7 април 2022 (CEST)Одговори
Коментар  @Виолетова и MacedonianBoy: Можеби грешка е што ги имаме на едно место ставено зборовите што ги има во официјалниот Дигитален речник и тие што се наши предлози. Тоа може да се поправи со тоа што, тие што ги нема во речникот би се одвоиле во одделна страница; тоа не би било во именски простор „Википедија:“ како оваа, туку во лична потстраница како идејни размислувања за зборови, и истите да не бидат во нормативно својство. Тоа решение ми стои најдобро. --Б. Јанкулоски (разговор) 11:24, 7 април 2022 (CEST)Одговори
@Bjankuloski06 Тоа е добар предлог, реално убаво е да има ваква страница, која би била како лексикон, во смисла на македонски збор за истиот покористен странски збор раширен во македонскиот јазик, имајќи на ум дека Институтот скоро и да не работи, особено што нема издадено никакви упатства. --Ehrlich91 (разговор) 11:53, 7 април 2022 (CEST)Одговори
Се согласувам со Бојан и Тони. Списокот е најдобро да остане во именскиот простор „Википедија“, но да биде пречистен и во него да останат само зборовите коишто ги има во дигиталниот речник. Да бидам искрен, срамота е некој да користи „индикатор“ наместо „показател“, „квантитет“ наместо „количество“ или „интернационален“ наместо „меѓународен“. Тоа се зборови коишто го осакатуваат македонскиот јазик и јас сум дури да гласаме таквиот список да прерасне во напатствие (мислам дека би било премногу ораничувачки да го претвориме во правило затоа што зборовите од странско потекло сепак ги има во речник).--Kiril Simeonovski (разговор) 13:06, 7 април 2022 (CEST)Одговори
Списокот нека остане ако сакате со зборовите кои ги има во речник, но и тој треба да се прочисти: веќе е разговарано дека „јавка“ не може да биде замена за „лозинка“, а и „животопис“ не се става секогаш наместо „биографија“. Тони пишал: Институтот скоро и да не работи, особено што нема издадено никакви упатства, но не е дека не работи или дека не знаат таму како треба да се развива јазикот, туку имаат проблем со финансии. Поздрав - Виолетова (разговор) 14:28, 7 април 2022 (CEST)Одговори
@Виолетова Жане многу ми е јасно тоа со финансиите, но реченицата моја не значи не е вистина. Токму поради тоа, ние немаме речник на македонскиот јазик што се обновува постојано, туку го имаме Дигиталниот речник на македонскиот јазик, приватна страница што е толку раширена што и воедно се користи во ова упатство и затоа сметам дека истото треба да си остане. --Ehrlich91 (разговор) 14:37, 7 април 2022 (CEST)Одговори
@Виолетова: Јас сум против тоа од списокот да се отстрануваат зборови коишто ги има во дигиталниот речник со исто значење. Не е наша работа да толкуваме дали некое значење во речник е добро или не, а тоа е многу поголем проблем од воведувањето зборови коишто ги нема во речникот.--Kiril Simeonovski (разговор) 16:18, 7 април 2022 (CEST)Одговори
Кире не е наша работа да толкуваме, но јас сум јазичар и употребата на речникот ми е многу добро позната, затоа кажувам. Гледам шаблонот за бришење е отстранет, но никој не пишал дека се нафаќа да ја среди статијата и да ги отстрани воведените зборови. Поздрав - Виолетова (разговор) 14:40, 8 април 2022 (CEST)Одговори
Жане, ти многу добро знаеш дека во дискусиите на Википедија занимањето на корисниците нема никакво значење и како аргументи се приложуваат веродостојни извори. Во врска со средувањето на списокот, Бојан, ќе можеш ли да го пречистиш?--Kiril Simeonovski (разговор) 14:47, 8 април 2022 (CEST)Одговори

Кога сме веќе кај наведувањето на дигиталниот речник на македонскиот јазик како извор, имајте предвид дека постои официјален дигитален толковен речник под покровителство на Институтот за македонски јазик, така што мислам дека би било посоодветно тој да се наведува како извор (во суштина, ризницата на зборови е со ист обем).--Kiril Simeonovski (разговор) 16:27, 7 април 2022 (CEST)Одговори

@Kiril Simeonovski: И „официјалниот“ речник не е целосно релевантен и подготвен од јазичари, туку е со вмешани прсти од политичари. Токму од тој речник, по наредба на Владата предводена од Зоран Заев, беа бришени зборови. Среќа што речникот е дигитален, да беше на хартија најверојатно ќе го палеа... како во старите добри времиња. Горец (разговор) 07:00, 8 април 2022 (CEST)Одговори
Во тој случај, веројатно е најпаметно да останеме на дигиталниот речник на Шинаси.--Kiril Simeonovski (разговор) 08:56, 8 април 2022 (CEST)Одговори
@Kiril Simeonovski: Не можам да кажам кој од нив треба да се применува, но сакав да укажам што се случуваше со „официјалниот“ речник, бидејќи во коментарот на @Виолетова: прочитав дека не требало луѓе кои не се јазичари да се мешаат во речник. Но, токму јазичарите дозволија политичари да се мешаат и да го уредуваат „официјалниот“ речник. А, делото и името на почитуваниот господин Шинаси Деребеј (Şinasi Derebey) Македонија и Македонците никогаш не смеат да го заборават. Колку и да не е професионален неговиот речник, колку и маани да има, тој човек се покажа поголем Македонец и направи толку многу за македонскиот јазик, колку што не направија сите заедно „македонски“ академици, д-р - м-р кариеристи и „македонски“ политички партии, со децении наназад. Горец (разговор) 23:46, 8 април 2022 (CEST)Одговори
@Горец: Јас имам стапено во контакт со господинот Шинаси во повеќе прилики и навистина е отворен за соработка, а постојано работи и на збогатување на речникот со нови зборови коишто се испуштени. Сепак, повторно ќе напоменам дека не е работата во тоа кој е поголем јазичар и Македонец, туку во тоа дека аргументите на Википедија се всушност докази од веродостојни извори, а не нечиј авторитет во областа во споредба со останатите уредници. Секој од нас си има свое занимање и располага со поголемо знаење на некои теми, но тоа воопшто не го прави неговото мислење повредно во дискусиите на теми поврзани со таа област.--Kiril Simeonovski (разговор) 11:03, 9 април 2022 (CEST)Одговори

Горец Самиот си одговараш во истиот коментар зошто не треба луѓе што не се јазичари да се мешаат во јазикот (политичари ... се мешаат и ... го уредуваат „официјалниот“ речник). Исотот е со било која професија. Поздрав - Виолетова (разговор) 18:16, 9 април 2022 (CEST)Одговори

@Виолетова: Напротив, јас говорев за цензурата, осакатувањето на јазикот и послушноста на јазичарите кон политичарите. Особено за негрижата на политичарите кон македонскиот јазик. Наспроти тоа, во конкретниов случај го имаме обратното − придонес и збогатување на јазикот, речник на препорачани македонски зборови, со цел употреба на македонски зборови наместо некои зборови од странско потекло. Ако Шинаси Деребеј чекаше македонските јазичари и политичари да направат дигитален речник, ќе немавме никаков дигитален речник со години. Ако Ѓорѓија Пулевски чекал некои македонски „јазичари“ или македонски учители, школувани и плаќани од Бугарската егзархија, да направат македонски речник или граматика, ќе ги немавме ни Тријазичникот, ни првата македонска граматика на Пулевски. Поздрав, --Горец (разговор) 17:18, 10 април 2022 (CEST)Одговори

Википедија:Без свои истражувања

уреди

Ова е едно од петте столба што ги прекршува оваа страница ваква каква што е. Поздрав - Виолетова (разговор) 01:08, 15 април 2022 (CEST)Одговори

Во што е делот „свои истражувања“, ако погоре во дискусијата рековме дека треба да останат само зборови кои ги има во Дигиталниот речник (а токму такви се најголемиот дел од зборовите во страницата). --Ehrlich91 (разговор) 21:43, 18 април 2022 (CEST)Одговори
Назад на проектната страница „Речник на препорачани македонски зборови“.