Разговор:Пинг-понг

ВикиПроект Филм Оваа статија е дел од ВикиПроектот Спорт, кој има за цел да создаде прегледен и уреден распоред на статиите поврзани со спортот на Википедија. Слободно може да ја уредите оваа статија, а нешто повеќе околу спортските статии може да прочитате прочитате на страницата на проектот, каде што меѓу другото може да се приклучите на проектниот тим и/или да дадете свој придонес на страницата за разговор.

Луѓе, ве молам запомнете дека Википедија е енциклопедија, а не списание или магазин. Употребувајте енцикопедиски стил на пишување. На пример,

Пинг-понг: два рекета и топче, кое се движи брзо од едниот до другиот крајна таблата, којашто е поделена на два дела со мрежа. Добрите рефлекси и големата брзина се тајната на шампионите на овој мал тенис.

По тенисот на трева, Англичаните го измислуваат и тенисот во сала. На една маса играчите си подаваат топче од тапа. Подоцна топчето се произведува од целулоид и се воспоставуваат прецизни пралвила за оваа игра.

Споредете го со ова:

Тенис на табла (уште познат и како пинг-понг и тенис на маса) претставува спорт во кој двајца или четворица играчи удараат малечко, шупливо пластично топче со помош на дрвени палки, насочувајќи го еден кон друг. Оваа игра е слична со тенисот на трева, со таа разлика што се игра на површината на една маса со мрежа на средината. Целта е да се удри топчето така што тоа ќе се префрли мрежата и ќе отскокне на противничката страна од масата на начин кој ќе го спречи противникот да стигне до него и да го врати кон противникот.

Измислена во Англија во почетокот на 20 век, играта наскоро се проширила низ целиот свет. Од средината на 1950 година, овој спорт станува доминантен во источно-азиските земји. Од 1988 год. е прогласен за олимиски спорт во конкуренција за мажи и за жени.

Ја гледате, разликата? Не можеме да кажеме „Добрите рефлекси и големата брзина се тајната на шампионите на овој мал тенис.“ или слични фрази. Тоа треба да се реформулира во „Важни фактори за успех во тенисот на табла се брзината и доброто рефлексно движење“. Ах, што немаме еден водич за стил! Овие денови ќе се ангажирам да напишам. --Brainmachinewtf? 18:21, 22 јуни 2008 (UTC)

Започнете разговор за Пинг-понг

Започни разговор
Назад на страницата „Пинг-понг“.