Разговор:Кршенгрб Планина

Последен коментар: пред 11 година од Macedonicus

==Име?==

Не се викаше ли филмов Кршенгрб планина????--Raso mk 20:07, 24 април 2008 (UTC)

Како би се викала статијата за Шар Планина на англиски јазик? Мислам дека преводот Кршенгрб не е адекватен, т.е не би требало да има превод туку само транскрипција од англиски на македонски, бидејќи филмот е насловен според име на планина (фиктивна планина, но сепак име на планина). --brest (разговор) 08:31, 13 февруари 2009 (UTC)

Е, да, ама кај нас има и книга издадена (по која е снимен филмот) и се вика ко што вели Рашо: Кршенгрб планина ;) :) Да ставиме барем пренасочувач, ако некој го побара филмот со тој наслов, па да го најде... --Виолетова (разговор) 08:34, 13 февруари 2009 (UTC)
п.с. сте ставиле пренасочување, не видов :) Виолетова (разговор) 08:37, 13 февруари 2009 (UTC)
Мала корекција. Кај нас има издадено превод на книгата по кој е снимен филмот, така да веројатно по инерција оној кој што го преведувал насловот на филмот се користел со искуствата на оние кои ја преведувале книгата. Можеби се во право? Но јас чисто логички размислувам и некако преводот не ми изгледа логичен. А сум сретнал и повеќе негативни реакции по форумите во врска со овој превод. Но можеби има и друга логика при преведувањето. Не сум го гледал филмот и не сум ја читал книгата, така да не можам да изградам конечен став по ова прашање. Бидејќи можно е поентата на книгата/филмот да е во некакво кршење грбови/рбети?--brest (разговор) 08:45, 13 февруари 2009 (UTC)
Ние имаме и преводи (Тихи Океан) и транскрипции (Пацифик) на географски поими - кај нас е тоа каша-попара, кому како му текнало - така го напишал, така што не се заложувам ни за едната ни за другата опција, туку да ги има и двете. п.с. темата на филмот е хомосексуална љубов на двајца каубојци, и каде ги кршат грбовите, немам појма, хехе --Виолетова (разговор) 08:53, 13 февруари 2009 (UTC)
Филмот официјално во Македонија беше дистрибуиран како Кршенгрб Планина и затоа мислам дека треба да седи како таков.--Р ашо 09:22, 13 февруари 2009 (UTC)
Што би се случило ако секој филм, наречен според топоним или лична именка, почне да се преведува буквално, по урнек на преведувањето на „Планината Броукбек“ (Brokeback Mountain), со крш-преводот „Кршенгрб Планина“?
„Бандите на Њујорк“ би станале „Бандите на Новиот Залив на Коњите“, оти името Јорк (York) етимолошки потекнува од старонордискиот збор Јорвик (Jórvík) кој значел „Залив на коњите“, увезен во Британија од викиншките освојувачи.
Секаде каде што се споменува Холивуд треба да се преведе со „Света Шума“, а Сан Франциско всушност треба да е „Свети Фрањо“. И оригиналното значење на „Чикаго“ (Chicago), на домородниот алгонквински (Algonquin) јазик одговара за гламурозен мјузикл – „место кај што смрди на кромид“.
Без иронија, „Филаделфија“ (Philadelphia) е ептен погодено име за филм за меѓучовечки односи – на грчки значи „братска љубов“.
Она „Кршенгрб Планина“ исто така го промашува и правилниот редослед на зборовите во македонскиот јазик, слично како кога корпорацијата Мајкрософт (Microsoft Corporation) се буквално се преведува како „Мајкрософт корпорацијата“.[1]
Заклучок? Името на оваа статија е Планината Броукбек[2][3][4] со страница за пренасочување Броукбек Планина. --Brainmachinewtf? 10:10, 13 февруари 2009 (UTC)
Под итно да се смени името, не знам зошто но jас не можам да го направам тоа, ми дава грешка „Немате дозвола за преместување на оваа страница, од следнава причина:

Веќе постои страница со тоа име, или името што го одбравте е неважечко. Изберете друго име.“ Во спротивно ќе бидете на големо исмеjувани по социjалниве мрежи. Macedonicus (разговор) 21:36, 26 февруари 2013 (CET)Одговори

Референци

уреди
Назад на страницата „Кршенгрб Планина“.