Разговор:Вилнус

Последен коментар: пред 14 години од Brest-bot на темата brest-bot проверка на правопис

Кој го сменил градов во Вилњус? Луѓе градот на македонски е Вилнус, сменете го или јас ќе го сменам. Поздрав--MacedonianBoy 21:11, 13 април 2009 (UTC)

Според историјата, тоа е Кирил. Ова е погрешно, градот се вика Вилнус. Boyan (разговор) 22:16, 13 април 2009 (UTC)
Да не дојде до недоразбирање. Станува збор за географски поим, кој во оригинал е на литвански. Поради тоа што за транскрипцијата на зборовите од литванскиот јазик во македонскиот литературен јазик нема многу извори, најдобро би било да го разгледаме зборот во оригинал (Vilnius). Од конструкцијата на овој збор, може да произлезе изговор со „ниу“ или пак „њу“, што произлегло од промената на обликот при изговорот на самогласката „и“ во сонантата „ј“, па се слуша „нј“ или „њ“ и така е прилагодено во сите јазици. Единствено во полскиот јазик е со „н“, меѓутоа во полскиот јазик, името на градот е Вилно (Wilno), што значи дека никако не може да се конструира фонемата „њ“. Во сите останати јазици, името на градот се чита со „њ“. Голем проблем е можеби и тоа што во српскиот јазик е со „њ“, па многу сметаат дека тоа е српски, а не македонски па како и во многу други зборови ја заменуваат буквата „њ“ со „н“. Во рускиот, украинскиот, белорускиот и бугарскиот јазик ја нема буквата „њ“, меѓутоа истата фонема постои, а градот се изговара со фонемата „њ“. И во англискиот и германскиот се изговара со „њ“ (во англискиот се чита 'vilɲus, што на македонски би било вилњус). Овој проблем веќе се има расправано и на Википедија на српски јазик и тоа поради ист проблем како кај нас. Имено и во атласи на македонски српски јазик (според тоа што го прочитав на Википедија на српски јазик), различно се користи „Вилњус“ и „Вилнус“. Проверив и на пребарувач, се наоѓаат текстови и со „њ“ и со „н“. Можеби најдобро ќе беше да се послужиме со правилната транскрипција од литвански на македонски, меѓутоа такво нешто не најдов. Затоа, мислам дека според оригиналниот назив на градот Vilnius, не може туку така да го тргнеме тоа i, меѓу буквите n и u. Да беше Vilnus, сигурно и на македонски ќе беше „Вилнус“, но вака мислам дека правилно е со „њ“, а неправилно со „н“. Мислам дека добро би било да се советуваме со Виолетова околу ова прашање.--Kiril Simeonovski (разговор) 23:09, 13 април 2009 (UTC)

Кирил, ние не можеме да исправуваме криви Дрини и да спроведуваме лингвистички анализи тука на Википедија. Дури и ако е точно тоа што го образложуваш погоре, во сите македонски атласи кои ги имам, градот е именуван како Вилнус или со неговото друго име - Вилна. Boyan (разговор) 23:12, 13 април 2009 (UTC)

brest-bot проверка на правопис

уреди
  • Наводи наместо Референци, англизам.

Ако имате забележано други синтаксни грешки кои многукратно се повторуваат низ страниците, можете да побарате истите со помош на ботот да се исправат.--Brest-bot (разговор) 07:36, 2 јуни 2010 (CEST), управуван од Brest.Одговори

Назад на страницата „Вилнус“.