Разговор:Александар Лурија
Ова е разговорната страница за расправа во врска со подобрувања на статијата „Александар Лурија“ |
||||
---|---|---|---|---|
|
|
Авторски права
уредиОва мислам дека е копирано од збор до збор од некоја енциклопедија, така што ги прекршува правата, и е за бришење.
--√ гитардэмон √ говори со мной √ 14:47, 25 јануари 2009 (UTC)
- Можеби е преведено од англиската? Треба доказ. Ако е од другите википедии тогаш е ОК. Слободна лиценца бе брат.--Raso mk (разговор) 15:27, 25 јануари 2009 (UTC)
- Хм, се сложувам, нема докази... Во секој случај, на статијата и треба внимание и треба да се пренасочи. --FlavrSavr (разговор) 17:37, 25 јануари 2009 (UTC)
- Слободна лиценца бе брат, ама јас мислев копирана од Британика или некаква друга енциклопедија која нема слободна лиценца. А тоа што корисникот секогаш пишува на латиница во описите за уредувањето, а текстот е на статијата е на кирилица и промените ги внесува за рекордно брзо време, ми налага да мислам дека е само копирај/залепи од некаде. Еве нека ни каже авторот од каде му е. Затоа беше оставен шаблонот за бришење. Но ајде, како мислите вие.
--√ гитардэмон √ говори со мной √ 12:46, 26 јануари 2009 (UTC)
- Може ги има напишано од порано? Исто така, мислам дека по дифолт, треба да избегнуваме шаблони за бришење, освен ако статијата навистина е за бришење... Ако се сомневаме, шаблонот внимание или шаблонот кој сугерира дека треба да се цитираат извори (имаме ли таков?) --FlavrSavr (разговор) 13:28, 26 јануари 2009 (UTC)
Почитувани администратори!
Првиот коментар ви го премолчив зашто бевте во право (текстот по грешка го оставив и беше стварно несреден), но за овој текст што сега го имате пред вас не сте во право заради следново:
Бев лично многу непријатно изненаден од забелешките и одма си го поставив прашањето колку воопшто сте вие стручни да коментирате за исправноста на статиите.
Прво, оваа статија е многу поквалитетна (не е фалење туку фактичка состојба) од еден куп други статии на македонски каде што проверив и видов дека вакви забелешки никаде не сте поставиле (а статиите се катастрофа). Одеднаш оваа статија почна да ви боде очи.
Второ, содржината на статијата е адаптирана од две енциклопедии и за разлика од многу други статии каде што не е наведена БУКВАЛНО НИКАКВА референтна литература, јас овде со име и презиме ви наведувам од каде сум користел материјал , а ако сте кадарни и стручни, бујрум, повелете проверете ги енциклопедиите и текстовите, па тогаш коментирајте. Смешни ми се коментарите од типот "Слободна лиценца бе брат", "А тоа што корисникот секогаш пишува на латиница во описите за уредувањето, а текстот е на статијата е на кирилица и промените ги внесува за рекордно брзо време, ми налага да мислам дека е само копирај/залепи од некаде". Дури и да не ги уредувам текстовите совршено (во споредба со некои други, моите се бомбона), сепак, сум издвоил време да ја збогатам енциклопедијата на македонски јазик. Во најмала рака треба да сте поддржувачки настроени кон младите македонски интелектуалци што дел од времето одвојуваат за ова, а не за нешто друго.
Во крајна линија, вие како администратори можете текстот да го избришете, да ми забраните пристап, но се сомневам дека тоа ке ви оди во прилог. Се надевам дека оваа енциклопедија не постои вам да ви се допадне туку да биде од корист за пошироката македонска јавност.
Јас ќе продолжам да пишувам текстови (и покрај тоа што меракот бајаги ми го скршивте) и тоа со истиот пристап како и досега зашто не повредувам никакви авторски права и не правам copy/paste.
Вие уште еднаш размислете за одговорностите кои ви се доделени - да напаѓате и да критикувате или пак професионално да си ја сватите работата и нам како уредувачи да ни бидете од помош и корист.
Јас ќе ви бидам благодарен ако ми укажете на некои пропусти сфаќајки го тоа најдобронамерно со цел квалитетот на македонските статии да биде на едно високо ниво. Но, нема да прифатам коментари од ваков низок и непрофесионален тип.
- Тоа моето 'Слободна лиценца бе брат', не се однесуваше на Вас, туку на претходниот коментар на корисникот Raso mk. Инаку не споменав никаде дека уредувате добро или лошо, само сакав да посочам на тоа дека изгледаше како да копирате содржина од некоја енциклопедија на начинот копирај/залепи (copy/paste). Воедно немојте да си го земате за срце, најмалку од сè би сакале да Ви го скршиме ќефот или да Ве навредиме, едноставно мора да се пазиме од прекршување на авторски права. Најмалку од сѐ би сакале да одвратиме нов корисник од понатамошни уредувања. Инаку јас искрено сметам дека не Ве нападнав Вас лично, едноставно давав забелешка на содржината на статијата, но сепак извиниете ако се навредивте. А за професионалноста, коментарите можат да бидат од секаков тип сè додека не се вулгарни и навредливи, бидејќи не постои 'професионален администратор', но со оглед на тоа што Ви пречи, еве се обидувам да бидат на повисоко ниво. Значи, за крај, би сакал да ви се извинам повторно ако Ве навредив јас лично, и да Ви заблагодарам за уредувањата и се надевам дека ќе останете со нас и ќе имаме плодна соработка.
P.S. Исто така, не Ви напоменав за форматот на статијата. Значи придонес од секаков тип е добредојден на Википедија (сѐ додека е продуктивен), меѓутоа статиите имаат еден определен (стандарден) тип на форматирање, наречен вики-форматирање. Мислам дека доколку ја видите статијата сега ќе забележите разлика со претходните верзии, меѓутоа затоа се и другите корисници тука за да помогнат, за да ја дооформат статијата (што не би требало да Ве навредува, бидејќи сепак, ова е заеднички проект). Доколку имате прашања за уредувањето на Википедија или нешто слично (иако не сте нов и неискусен корисник) видете го овој прирачник или обратете се на некој администратор или пак обичен корисник. А во врска со квалитетот на другите статии, затоа сме тука сите корисници, се обидуваме константно да го подобриме квалитетот на статиите.
--√ гитардэмон √ говори со мной √ 14:11, 28 јануари 2009 (UTC)
Дечки, дали некој ја погледнал статијава до крај? Има ли наведено користена литература? Можам само да заклучам дека некој немал што да прави попаметно па на сите статии по список им го шлапнал ова.
brest-bot проверка на правопис
уреди- Промена на зборови од типот се додека во сè додека , е со надреден знак.
Ако имате забележано други синтаксни грешки кои многукратно се повторуваат низ страниците, можете да побарате истите со помош на ботот да се исправат.--Brest-bot (разговор) 11:32, 6 август 2010 (CEST), управуван од Brest.