Александар Спасов

македонски литературен критичар

Александар Спасов (18 август 1925, Скопје - 27 мај 2003, Скопје) — македонски литературен критичар, книжевник и професор, член на МАНУ.

Александар Спасов
Роден 18 август 1925
Скопје
Починал 27 мај 2003
Скопје, Македонија Македонија
Националност Македонец
Занимање литературен критичар, книжевник

Образование и работен век уреди

Се школувал во Велес и во Скопје, каде што дипломирал и докторирал на Филозофскиот факултет. Работел во ,,Млад борец“ (1945), ,,Нова Македопнја" (1946), во Средното медицинско училиште (1950), а од крајот на 1950 година е на служба на Филозофскиот (Филолошкиот) факултет во Скопје, како асистент, доцент, вонреден и редовен професор. Предава македонска книжевност во XX век и словенечка книжевност од втората половина на XVIII век до крајот на Првата светска војна. Бил продекан, шеф на катедра и прв директор на Семинарот за македонски јазик, литература и култура (1968 —1970). Учесник во НОБ е од 1941 година. Заземал разни функции во СКОЈ и СКМ. Во 1972 година е избран за дописен, а во 1976 година — за редовен член на Македонската академија на науките и уметностите.

Научна дејност и творештво уреди

Се занимавал особено со проучувања од областа на македонската книжевност во XIX и XX век, потоа — со новата словенечка книжев- ност и компаратистика. Повеќе од три децении делува и како лите- ратурен критичар и есеист. Во својство на гостин-професор предавал во Минхен (1965) и Келн (1970). Предавања и кратки курсеви држел во повеќе југосло- венски и странски универзитети: Белград, Загреб, Сараево, Нови Сад, Задар, Берлин, Хале, Стокхолм, Упсала, Гетеборг, Лунд, Ле- нинград, Букурешт, Крајова, Виена, Салцбург, Ипсбрук, Мериленд. Учествувал со реферати на конгреси, научни конферепции и сим- иозиуми во земјата и во странство: Прага, Варшава, Харвард, Бриксен (Бресаноне). Бил уредник на списанијата ,,Иднина“, ,,Разгледи“ и ,,Литера- турен збор“ (на ова списание бил главен и одговорен уредник две децении), а исто така — претседател на Сојузот на друштвата за маке- донски јазик и литература на СРМ, иа АКУД ,,Мирче Ацев“, на ,,Ра- циновите средби“, на Издавачкиот совет на ,,Разгледи“, секретар па Друштвото на писателите на Македонија, члеп на управите на Сојузот на славистите на Југославија и на Сојузот на писателите на Југославија. Објавил реднца книги, антологии, избори, студии, освен на македонски и на срнскохрватски, словенечки, албански, турски, англиски, фрапцускп, германски, италијански, романски и други јазици.

Награди и признанија уреди

Двоен носител е па Орденот иа трудот со златен веиец (1966, 1969), добитнпк е па Наградата ,,13 Ноември“ и иа повеќе повелби, плакети, споменици и благодарници.