Радмила Ајтиќ - Поповиќ
Радмила Ајтиќ - Поповиќ (30 октомври 1922 во Призрен, Косово и Метохија — ) — учесник во НОВ на Македонија, носител на Партизанска споменица 1941.[1]
Животопис
уредиЗа член на СКОЈ била избрана како ученичка во призренската гимназија уште пред војната, а за член на КПЈ во 1940 година. Во истата годинa, до јуни 1941 година, била секретар на Месниот Комитет на СКОЈ, кога поминала во илегалство. Во 1942 година, во Призрен била затворена и одведена во затворот во Тирана. Наскоро, успеала да побегне од затворот, се вратила во Призрен и во 1943 година, во мај, стапила како борец во Шарпланинскиот партизански одред. Поради болест била вратена во Призрен, каде повторно била затворена и одведена во Тиранскиот затвор, каде останала до капитулацијата на Италија, септември 1943 година. По успешното бегство од затворот стапила во единиците на Првата македонска ударна бригада, во Косовскиот баталјон. Била политички делегат на десетина и член на агитпроп. Од март 1944 година била шифрант при Главниот штаб на НОВ и ПОМ. Носител е на Партизанска споменица 1941 и повеќе одликувања.[1]
Наводи
уредиОваа статија за личност од Македонија е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |