Радишко (Радишани)
археолошко наоѓалиште кај Радишани, Скопје
„Радишко“
| |
Местоположба | 42°04′19″N 21°26′25″E / 42.07194° СГШ; 21.44028° ИГД |
Основни податоци | |
---|---|
Место | Радишани |
Општина | Бутел |
Тип |
|
Период | доцноантичко време |
Портал „Археологија“ |
Радишко — археолошко наоѓалиште кај скопската населба Радишани, Општина Бутел. Претставува некропола од доцноантичкото време.
На блага падина јужно од патот Радишани - Кучевиште, во нивата на Ж. Никиќ во 1969 г. е откриена гробница од типот на циста, во која биле вградени две надгробни стели со латински натпис. На површината на нивите се среќаваат камени плочи од гробни конструкции. Според податок од 1996 г. Стелите се чуваат во дворот на семејството Никиќ.[1]
Поврзано
уреди- Во Селото — осамен наод од римско време
- Голем Град — осамен наод од римско време
- Катастарска Парцела 781 — населба од римско време
Наводи
уреди- ↑ Грозданов, Цветан; Коцо, Димче; и др. (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Т. 2. Скопје: МАНУ. стр. 381. ISBN 9989-649-28-6.