Катастарска Парцела 781 (Радишани)

археолошко наоѓалиште во Македонија
Катастарска Парцела 781

Карта

Местоположба 42°4′34″N 21°26′34″E / 42.07611° СГШ; 21.44278° ИГД / 42.07611; 21.44278
Основни податоци
Место Радишани
Општина Бутел
Тип

 населба


Период римско време
Портал „Археологија“

Катастарска Парцела 781археолошко наоѓалиште во руралниот дел на скопската населба Радишани, Општина Бутел. Претставува населба од римското време, што сведочи за долгата историја на ова населено место.

Пронајдените остатоци лежат на тесна парцела во месноста Дуб[1], долж патот од Радишани за Кучевиште, на околу 300 м од десниот брег на Серава.

Постоењето на оваа стара населба е утврдено кога сопственикот Р. Радовановиќ, при израмнување на земјиштето, оштетил помал градежен објект. Подоцна, со направениот увид е пронајдено големо количество градежен материјал и парчиња од римски керамички садови.[2] Пронајдена е и вотивна мермерна плоча со димензии од 21 × 14 × 2,5 см и релјефна претстава на т.н. „дунавски коњаници“.

Наводи

уреди
  1. Извод од имотен лист за парцела бр. 781, КО Радишани, Агенција за катастар на недвижности
  2. Грозданов, Цветан; Коцо, Димче; и др. (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Т. 2. Скопје: МАНУ. стр. 381. ISBN 9989-649-28-6.