Ева Кири

Француска и американска писателка и новинарка

Ева Кири (француски: Ève Denise Curie Labouisse, родена на 6 декември 1904 во Париз - починала на 22 октомври 2007 во Њујорк) — француска писателка.

Ева Кири
Ева Кири во 1937 година
Роден/аЕва Кири
6 декември 1904(1904-12-06)
Париз, Франција
Починат/а22 октомври 2007(2007-10-22) (возр. 102)
Њујорк, САД
Занимањеписател
пијанист
новинар
НационалностФранцуско, Американско
Државјанствофранција (1904–2007)
САД (1958–2007)
Апсолвент наCollège Sévigné
Значајни делаMadame Curie (1937)
Journey Among Warriors (1943)
Сопруг/аХенри Ричардсон Лабуис (1954–1987)
РодниниМарија Кири (мајка)
Пјер Кири (татко)
Ирен Жолио - Кири (сестра)

Биографија

уреди

Ева Кири е родена на 6 декември 1904 во Париз како втора ќерка на Пјер Кири и Марија Кири. Во 1937 година ја издала биографската книга за својата мајка „Мадам Кири“, која била екранизирана во 1943 година. Нејзиниот живот бил поврзан со Нобеловата награда бидејќи нејзините родителите и нејзината сестра ја добиле Нобеловата награди во научната област, а нејзиниот сопруг, Хенри Ричардсон Лабуис, ја добил Нобеловата награда за мир. Во текот на 15 години тој бил претседател на УНИЦЕФ.

Ева Кири завршила високо образование во 1925 година и одреден период била пијанист. Откако ја објавила биографијата на својата мајка (3 години по нејзината смрт), таа пишувала различни есеи на тема музика, театар и кино.

Во 1940 година, по поразот на Франција во војната, таа побегнала во Англија, каде помагала на сојузниците до крајот на војната. Таа посетувала различни земји во Европа и Азија и и го напишала патописот „Journey among warriors“.

Во 1954 година таа се омажила за Хенри Ричардсон Лабуис, а во 1958 година станала американски државјанин. Двајцата со сопругот посетиле над 100 земји. Сопругот починал во 1987 година, додека таа на 22 октомври 2007 година на 102 години.

Надворешни врски

уреди