Прилепски народноослободителен партизански одред „Ѓорче Петров“

Прилепски народноослободителен партизански одред „Ѓорче Петров“ е партизанска единица на Народоослободителната војска на Македонија.

Партизански одред „Ѓорче Петров“
Споменик во Прилепец посветен на деветтемина борци од партизанскиот одред „Ѓорче Петров“ кои на 19 декември 1942 година откако беа предадени загинаа во борба против бугарската војска и полиција
Активна21 септември 1942 - 20 декември 1942
БиткиНОБ

Дејност

уреди

Одредот е формиран во реонот Габровник на 21 септември 1942 година, како прва чета во Велешко-прилепскиот партизански одред „Димитар Влахов“. Дејствува во селата Дабница, Десово, Ораов Дол, Беловодица, Плетвар, Старо Лагово, Забрчани, Дупјани и Мажучиште. На 20 декември 1942 година, одредот е опколен и разбиен од бугарската војска, во Прилепец[1][2]. Меѓу загинатите е и Стефан Базерковски. Останатите преминале на север од планината Бабуна, во областа Азот.

Раководители

уреди

Наводи

уреди
  1. Македонска енциклопедија, МАНУ, Скопје, 2009, стр. 1019
  2. Троански, Хр., Кажи кога да умра, Работилница за книжнина-Васил Станилов, 2007, с. 68