Велешки партизански одред „Димитар Влахов“

(Пренасочено од НОПО „Димитар Влахов“)

Народноослободителен партизански одред „Димитар Влахов“ — партизанска единица на НОВ и ПОМ. Бил формиран во атарот на селото Габровник во втората половина на месец септември 1942 година во рамките на извршената реорганизација на партизанските единици во Велешко и Прилепско од борците на НОПО „Пере Тошев“ и новопристигнати борци[1]. Дејствувајќи по чети и одделемнија (десетини), во периодот од септември до ноември 1942 година, извршил акции и водел борба со бугарската војска и полиција, ги прекунувал и ги уривал ПТТ врските, ги уништувал општинските архиви, напаѓал полициски станици, ги разоружувал селските стражи и формирал НОО во селата Бистрица, Богомила, Чашка, Десово, Нежилово, Поменово, Црешнево, Селци, Лисиче, Катланово, Горно Количани, на железничката станица „Клајман“ денешна ЖС „Васил Антевски - Дрен“, рудникот за момирок кај селото Степанци и др.[1].

Народноослободителен партизански одред „Димитар Влахов“
Борци на Народноослободителниот партизански одред „Димитар Влахов“
Активнавтора половина на септември 1942 – 18 август 1943
БиткиНОБ
Штабот на втората чета на Народноослободителниот партизански одред „Димитар Влахов“ (1942 година)

Исто така, на 29 ноември во селото ’Рлевци ја разоружал селската контрачета, на 4 декември кај с.Папрадиште водел борба со делови од велешката контрачета, а втората чете на Одредот била опколена од бугарската војска кај селото Војница и при пробојот кон Тиквешијата на 17.XII имала осетни загуби[1]. Загуби имал и во борбите со надмоќните бугарски сили кај селата Дреново и Зелениково и на планината Лисец во декември 1942[1]. Поради отежнатите услови на дејствување, преостанатите борци преминале во илегалство. Одделните групи правеле безуспешни обиди да се префрлат на теренот на Скопска Црна Гора[1]. Во пролетта 1943 година, дел од преживеаните борци влегле во составот на тиквешкиот НОПО „Добри Даскалов“, а други 15 борци формирале истоимена Партизанска група „Димитар Влахов“ и дејствувале во областа Азот, а потоа се упатиле за Дебрца каде на 18 август 1943 влегле во составот на првоформираниот Народноослободителен баталјон „Мирче Ацев“[1]. Бидејќи е формиран во Велешко познат е и како Велешки народноослободителен партизански одред „Димитар Влахов“, а бидејќи голем дел од борците биле од Прилеп и Прилепско познат е и како Велешко-прилепски народноослободителен партизански одред „Димитар Влахов“[1].

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. 1,0 1,1 1,2 1,3 1,4 1,5 1,6 Младеновски, Симо (2009). „Народноослободителен партизански одред „Димитар Влахов"“. Во Блаже Ристовски (уред.). Македонска енциклопедија. 2. Скопје: МАНУ. стр. 1018–1019. ISBN 978-608-203-024-1 (2) Проверете ја вредноста |isbn=: invalid character (help).CS1-одржување: користи параметар editors (link)

Надворешни врски

уреди