Прилепски народноослободителен партизански одред „Ѓорче Петров“
Прилепски народноослободителен партизански одред „Ѓорче Петров“ е партизанска единица на Народоослободителната војска на Македонија.
Партизански одред „Ѓорче Петров“ | |
---|---|
Споменик во Прилепец посветен на деветтемина борци од партизанскиот одред „Ѓорче Петров“ кои на 19 декември 1942 година откако беа предадени загинаа во борба против бугарската војска и полиција | |
Активна | 21 септември 1942 - 20 декември 1942 |
Битки | НОБ |
Дејност
уредиОдредот е формиран во реонот Габровник на 21 септември 1942 година, како прва чета во Велешко-прилепскиот партизански одред „Димитар Влахов“. Дејствува во селата Дабница, Десово, Ораов Дол, Беловодица, Плетвар, Старо Лагово, Забрчани, Дупјани и Мажучиште. На 20 декември 1942 година, одредот е опколен и разбиен од бугарската војска, во Прилепец[1][2]. Меѓу загинатите е и Стефан Базерковски. Останатите преминале на север од планината Бабуна, во областа Азот.