Претор (археолошко наоѓалиште)
„Претор“
| |
Местоположба | 40°58′46″N 21°03′42″E / 40.97944° СГШ; 21.06167° ИГД |
Основни податоци | |
---|---|
Место | Претор |
Општина | Ресен |
Тип |
|
Период | доцноантичко време |
Портал „Археологија“ |
Претор — археолошко наоѓалиште во преспанското село Претор. Претставува населба од доцноантичко време. Се наоѓа источно од селото, на простор што се наоѓа до атарот на селото Курбиново, особено во имоти на месни жители, каде со ископувањата во 1967, 1972 и 1974 година се откриени темели од објекти ѕидани од камен и варов малтер, наместа зачувани во височина и до 0,50 метри. Со обработувањето на земјата темелите се во голема мера оштетени така што на објектите не може да им се одредат плановите на основите. Во два објекта има остатоци од системи за затоплување - хипокаусти изведени од кружни керамички плочки. Откриен е и под со мозаик. Од ова наоѓалиште потекнуваат повеќе случајни наоди од кои посебно се издвојуваат една бронзена плочка со претстава на ориентално божество и една апликација од држалка на сад со претстава на човечка маска. Наодите се чуваат во Музејската збирка во Ресен и во Заводот и музеј во Охрид.[1]
Поврзано
уреди- Кулине — населба од бронзено, хеленистичко, римско време и среден век;
- Копачките — некропола од доцноантичко време;
- Летувалиште — населба од доцноантичко време;
- Ливаѓе — населба од доцноантичко време;
- Ливатчиња — вила рустика од време;
- Петрино — населба од доцноантичко време;
- Св. Атанасија — црква од средниот век;
- Св. Арангел — осамен наод од римско време;
- Св. Богородица — црква и некропола од средниот век;
- Св. Петка — црква и некропола од средниот век;
- Св. Недела — црква од средниот век;
- Претор;
- Список на археолошки наоѓалишта во Ресенско;
Наводи
уреди- ↑ Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069
Оваа статија поврзана со археологијата на Македонија е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |