Копачките (Претор)

археолошко наоѓалиште во Македонија
Копачките

Карта

Местоположба 40°58′46″N 21°03′42″E / 40.97944° СГШ; 21.06167° ИГД / 40.97944; 21.06167
Основни податоци
Место Претор
Општина Ресен
Тип

 некропола


Период доцноантичко време
Портал „Археологија“

Копачкитеархеолошко наоѓалиште во преспанското село Претор. Претставува некропола од доцноантичко време. Се наоѓа во нива на местен селанец, каде со археолошкото сондажно истражување во 1965 година биле откриени два гроба, едниот од типот „на две води“ граден од тегули, а другиот ѕидан од камен и варов малтер, поставени во правец југоисток-северозапад. Во гробот со камена конструкција се најдени керамички сад, чашка и една белезица.[1]

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069