Прва македонска автобригада
Прва македонска автобригада — моторизирана единица на Народноослободителната војска на Македонија формирана во ноември 1944 година, со седиште во Скопје.[1] По оформувањето, автобригадата ја сочинувале три баталјони, секој од нив составен од по три чети, со вкупно 119 војници и старешини.[2]
Прва македонска автобригада | |
---|---|
Активна | ноември 1944 – 1945 |
Улога | моторен превоз |
Големина | три баталјони (119 војници) 70 камиони + автомобили и други возила |
Почетоци
уредиПо капитулацијата на Бугарија, во септември 1944 година била формирана Автокоманда во село Будинарци, Малешевско.[3] Автокомандата започнала да работи со неколку полуисправни камиони и мотоцикли, а подоцна од заробените камиони биле оспособени осум исправни товарни возила. Овие возила сообраќале на релацијата Берово - Пехчево - Царево Село (Делчево), како и на релацијата Пехчево - Симитли.
По ослободувањето на овој дел од Македонија, Автокомандата се преселила во Пехчево, каде биле собрани 60 камиони, а по ослободувањето на Штип, седиштето на Автокомандата се преместило таму.
По формирањето на Автобригадата, таа дејствувала како моторизациско, односно автомобилско одделение при ГШ на НОВ и ПОЈ за Македонија. На 8 февруари 1945 година било оформено одделението, чија задача била да обучи потребен кадар, да формира автомобилски единици, и да го организира автомобилскиот сообраќај. За таа цел бил оформен и првиот курс за возачи, но поради недостиг на погонско гориво за возилата, дел од курсистите биле испратени на курс во Белград, каде се школувале за офицери за потребите на Македонската автобригада.
Наводи
уреди