Народноослободителна бригада „Гоце Делчев“
Народноослободителна бригада „Гоце Делчев“ била воена единица на НОВ и ПОМ формирана во Софија од Македонци во Бугарската армија и од доброволци од македонската емиграција во Бугарија, главно студенти и ученици која делувала во периодот од септември 1944 до октомври 1944 година.
Народноослободителна бригада „Гоце Делчев“ | |
---|---|
Активна | септември 1944 – октомври 1944 |
Битки | Завршни операции за ослободување на Македонија |
Формирање
уредиВо текот на формирањето на бригадата во Софија пристигнале командантот на ГШ на НОВ и ПОМ Михајло Апостолски, политичкиот комесар Бане Андреев - Ронката, и делегатот на ЦК КПЈ и ВШ на НОВЈ Светозар Вукмановиќ - Темпо.[1] Се издвоиле две гледишта, според едното бригадата да остане под команда на бугарското воено раководство, и според второт гледиште, бригадата да биде опремена и упатена во Македонија каде нејзините борци ќе бидат распределени во македонските единици од составот на 50 и 51 дивизија. Поради оваа несогласица, споро течело формирањето и испраќањето на боречкиот состав на бригадата во Македонија.[1]
Командат на бригадата бил Пецо Трајков, а политички комесар Мире Анастасов. Бригадата броела околу 4.600 борци и веднаш по формирањето баталјон по баталјон била упатувана во Македонија. На 30 септември 1944 година за Македонија заминал првиот баталјон на оваа бригада, а вториот баталјон на 7 октомври 1944 се присоединил кон единиците на НОВ и ПОМ на планината Плачковица.
По кратко време била расформирана, а постојните борци биле прерасподелени во 19., 20. и 21. македонска народоноослободителна бригада, кои дејствувале во завршните операции за ослободување на Брегалничкиот и Струмичкиот регион,[2] при што 19. македонска бригада го презела името „Гоце Делчев“.
Литература
уреди- Полковник Пецо Трајков, Национализмот на скопските раководители, Софија, 1949
- Михаило Апостолски, Завршните операции на НОВ за ослободување на Македонија, „Кочо Рацин“, Скопје, 1953
- Македонија од устанка до слободе 1941-1945. (Зборник радова), Београд, 1987.
- Марјан Димитријевски, Македонската војска 1944-1945, ИНИ, Скопје, 1999, 140-141.
Наводи
уреди