Воденски баталјон

Воденски македонски баталјон — воена единица, формирана на 16 јуни, 1944 година на Кајмакчалан, како посебна македонска партизанска единица од македонски борци од Мегленско и Воденско, од составот на Триесеттиот полк на ЕЛАС.[1]

Воденски македонски баталјон
Борци на Воденскиот македонски баталјон, Кајмакчалан, 1944 година.
Активна16 јуни 1944 – 18 ноември 1944
БиткиЗавршни операции за ослободување на Македонија
Партизанки од Егејскиот воденски округ, како дел од Првата егејска ударна бригада. Фотографирано во Кавадарци, 30 септември, 1944 година

Седиштето на оваа единица се наоѓало во селото Горно Родево, Мегленско. На 12-13 октомври, 1944 година поради несогласување со КПГ во однос на македонското национално прашање, баталјонот преминал во вардарскиот дел на Македонија. На 18 ноември истата година, во слободна Битола, од македонските баталјони од Воденско, Леринско и Костурско е формирана Првата ударна бригада на Македонците од Грција, позната како Прва егејска ударна бригада.[1]

Наводи

уреди
  1. 1,0 1,1 д-р Стојан Киселиновски и др. (2000). Македонски историски речник. Скопје: ИНИ. стр. 111. ISBN 9989-624-46-1. Недостасува |author1= (help)