Прва дама или прв господин на Македонија
Прва дама на Македонија или Прв господин на Македонија — титула што ја носи сопружникот на Претседателот на Република Македонија. Оваа личност нема службена должност и има исклучиво церемонијална улога. Тековен прв господин на Македонија е Благоја Давков, сопруг на претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, а прва дама што ја носела оваа титула била Нада Глигорова, сопругата на Киро Глигоров.
Прва дама/Прв господин на Република Македонија | |
---|---|
Мандат | пет години |
Прв функционер | Нада Глигорова 18 септември 1991 |
Список
уредиБр. | Име | Мандат | |
---|---|---|---|
1 | Нада Глигорова | 18 септември 1991 | 19 ноември 1999 |
2 | Вилма Трајковска | 15 декември 1999 | 26 февруари 2004 |
3 | Јасна Црвенковска | 12 мај 2004 | 12 мај 2009 |
4 | Маја Иванова | 12 мај 2009 | 12 мај 2019 |
5 | Елизабета Пендаровска | 12 мај 2019 | 12 мај 2024 |
6 | Благоја Давков | 12 мај 2024 | — |