Грб на претседателот на Македонија

Грб на претседателот на Република Македонија — официјален грб на претседателот на државата. Грбот или амблемот е усвоен на 2 декември 2009 година, изработен по иницијатива на претседателот на Македонија Ѓорге Иванов од хералдичарите Стојанче Величковски, Петар Гајдов и хералдот Јован Јоновски од Македонското хералдичко здружение.[1]

Грб на претседателот на Македонија
Подробно
Усвоен2 декември 2009
Држачигранки на македонски даб
МотоРепублика Македонија Претседател

Грбот е составен од македонското знаме на штит. Под штитот со македонското знаме се наоѓа венец од македонски даб со по осум листови и осум желади.[2] Ова е првиот грб на претседателот на Македонија, до 2009 претседателот немал свој грб. Сепак, до денес, претседателот на Македонија нема свое знаме.

Опис

уреди

Грбот е составен од штит на кој е прикажано националното знаме на Македонија. Штитот е по форма ибериски штит и е обратно обрабен. Под штитот се наоѓа венец од македонски даб, кој служи како држач на грбот. Секоја гранка од македонскиот даб има по осум листа и желади, што одговара со бројот на краците од националното знаме. Вкупно се шеснаесет листа и шеснаесет желади. Боите на грбот се македонските национални бои.[3]

Предлози во минатото

уреди

Поврзано

уреди

Наводи

уреди

Надворешни врски

уреди