Елизабета Ѓоргиевска
Елизабета Ѓоргиевска (р. 6 мај 1972)[1] — македонски лекар и универзитетски професор, сопруга на петтиот македонски претседател Стево Пендаровски и Прва дама на Македонија. Со претседателот Пендаровски го имаат синот Огнен.
Елизабета Ѓоргиевска | |
---|---|
5. Прва дама на Македонија | |
На должноста 12 мај 2019 – 12 мај 2024 | |
Претходник | Маја Иванова |
Наследник | Благоја Давков |
Лични податоци | |
Роден(а) | 6 мај 1972 |
Националност | Македонка |
Сопружник | Стево Пендаровски |
Деца | Огнен |
Живеалиште | Скопје, Македонија |
Професија | универзитетски професор и стоматолог |
Вероисповед | Македонско православие |
Животопис
уредиЕлизабета Ѓоргиевска е редовен професор на Стоматолошкиот факултет во Скопје и раководител на Катедрата за детска и превентивна стоматологија.[2]
Таа е магистер и специјалист по педијатриска и превентивна стоматологија од 2002 година, а од 2006 година е доктор на науки. Има остварено неколку истражувачки посети на универзитети во Велика Британија, Белгија и САД, а исто така работела на неколку меѓународни истражувачки проекти.
Има објавено повеќе од 90 трудови. Била член на организациските и научни комитети на неколку национални и меѓународни симпозиуми и конференции. Држела предавања и работилници на научни конференции во Северна Македонија и во странство. Автор е на 2 и соавтор на 3 монографии. Во периодот, 2010-2014 година беше претседател на Македонското здружение по детска и превентивна стоматологија. Таа е членка на MDA, FDI, IAPD, UKSB и визитинг професор на Универзитетот Колумбија, Њујорк, САД.
Наводи
уреди- ↑ „Елизабета, сопругата на Пендаровски слави роденден: Една жена, еден живот, една љубов!“. Фокус (англиски). 2019-05-06. Посетено на 2020-10-03.
- ↑ „Сопруга на претседателот“. Претседател на Република Северна Македонија. Архивирано од изворникот на 2022-02-23. Посетено на 2020-10-03.
Политички функции | ||
---|---|---|
Претходник Маја Иванова |
Прва дама на Македонија 2019-денес |
Наследник моментално |