Национална фудбалска лига

Национална фудбалска лига (НФЛ) — највисоко ниво на професионален на напоредниот фудбал во Соединетите Американски Држави. Создадена е од единаесет тима во 1920 како „Американска професионална фудбалска асоцијација“ до 1922 кога го сменила името во „Национална фудбалска лига“. Лигата моментно содржи триесет и два тима од Соединетите држави. Лигата е поделена еднакво на две конференции – Американска Фудбалска Конференција (АФК) и Национална Фудбалска Конференција (НФК) секоја конференција има четири дивизии со по пет тима во секоја за 16 тима во целост во секоја конференција НФЛ е колективно водена ассоцијација, федерална непрофитна титулар за професионални фудбалски лиги лишени од плаќање данок која ги опфаќа 32та тима. Нфл е убедливо најпосетена домашна спортска лига во светот со просечна посетеност по натпревар, со 67 509 навивачи по натпревар во последната регуларна сезона (2009) Регуларната сезона има распоред од седумнаесет недели во кој секој тим игра шеснаесет натпревари И има една слободна недела. Сезоната започнува во Четврток вечер во првата цела недела во септември (четвртокот по денот на работниците) и се играат натпревари неделно до крајот на Декември или почетокот на Јануари. На крајот на регуларната сезона, шест тима од секоја конференција (барем еден од секоја дивизија) играат во НФЛ Плејофот, турнир од дванаесет тима без втора шанса кој кулминира со натпреварот за титулар познат како Супербол. Овој натпревар се одржува на претходно одредена локација која е обична град кој има НФЛ тим.

Лого на Националната фудбалска лига
Лого на Националната фудбалска лига

Историја

уреди

Во 1920тата претставници на неколку Американски фудбалски лиги и независни тимови ја основакр Американската професионална гудбалска конференција, која била бргу преименувана во Национална фудбалска лига. Првиот службен насловен натпревар бил одржан во 1933 година. До 1958тата кога натпреварот за титулата во таа сезона станал познат како „Најдобриот натпревар некогаш одигран“, НФЛ била на пат да стане еден од најпознатите спортски лиги во Соединетите Држави. Соединувањето со Американската Фудбалска Лига, договорено во 1966 година и завршено во 1970 година дополнително ја проширило лигата и го создале Суперболот, кој станал најгледан годишен спортски настан во Соединетите Држави.

Структура на сезоната

уреди

Од 2002год. НФЛ сезоната го има следниот распоред

  • 4 натпревари од припремна сезона (или претсезона) која се игра од ран Август до ран Септември
  • Регуларна сезона од 16 натпревари, 17 недели која се игра од Септември до Декември или ран Јануари, и
  • Плејоф со една шанса од 12 тима почнувајќИ во јануари, кулминирајќИ со Супербол во ран Февруари

Традиционално Американските средношколски натпревари се играат во Петок, Американските колеџ фудбалски натпревар исе играат во Сабота и повеќето НФЛ натпревари се играат во Недела. БидејќИ НФЛ сезоната е подолга од фудбалската колеџ сезона, НФЛ организира Саботни натпревари И Саботни плејоф натпревари кога нема колеџ натпревари. Телевизиската мрежа АБЦ го додаде Фудбал во Понеделник Вечер во 1970год. и НФЛ натпревари во Четврток вечер беа додадени во 1980-тите.

Припремна сезона

уреди

После мини-камповите во пролетта И официјално признаените кампови за припрема во Јули-Август, Нфл тимовите обично играат четири припремни натпревари од ран август до ран Септември. Секој тим е домаќин на два од четирите натпревари. Припремната сезона започнува со Натпреварот Про Фудбалската Куќа на Славните, па така тие два тима играат по пет припремни натпревара. Историски, Американските Болови беа играни пред НФЛ да почне да организира натпревари од регуларната сезона во странство, тие тимови се соочија со оваа слична потешкотија Натпреварите се корисни за нови играчИ кои не се навикнати на играње пред голем број навивачи. Управата често ги користи овие натпревари да ги процени ново потпиешаните играчи. Стартерите ветеран обично играат за околу четвртина од секој натпревар за да го минимизираат ризикот од повреди. Неколку судски тужби беа поднесени од навивачите, против политиката на вклучување припремни натпревари во сезонските-билет пакети по цени од регуларната сезона, но ниеден не е успешен до сега

Регуларна сезона

уреди

После претсезоната, секој од триесет и двата тима започнува со седумнаесет неделен распоред од шеснаесет натпревари, со една екстра недела која е слободна и им дозволува на тимовите одмор некаде во средината на сезоната (но И да ја зголеми телевизиската гледаност). Регуларната сезона моментно започнува во Четврток вечта после Денот на Работниците во Почетниот Натпревар во главниот термин (НБЦ моментно ги држи правата за пренос на тој натпревар). Според моментната структура на распоредот, најраниот датум кога сезоната може да започне е 4 Септември (како што беше во 2008 сезона) а најдоцна би било на 10 Септември (како што беше во 2009 сезона, бидејќИ 1 Септември се падна во вторник). Лигата користи формула за распоред за да предодреди кои тимови играат со кои за време на дадена сезона. Според моментната формула од 2002год. распоредот од 16 натпревари на секој тим се состои од следново:

  • Секој тим игра против тимовите во својата конференција двапати, еднаш дома И еднаш в гости (шест натпревари).
  • Секој тим игра против четири тима од дивизија во рамките на својата конференција еднаш на вртежен три-годишен циклус, два дома, И два на гости (четири натпревари).
  • Секој тим игра против четири тима од дивизија од другата конференција еднаш на вртежен четиригодишен циклус: два дома И два на гости (четири натпревари)
  • Секој тим игра еднаш против други тимови во својата конференција кои завршиле на истото место во својата дивизијакако и самите тие во претходната сезона, не сметајќи ги дивизиите против кои веќе треба да играат: еден дома, еден на гости (два натпревари)

Иако ова формула за распоред ги одлучува противниците на сите триесет И два тима, лигата обично не го објавува крајниот распоред на регуларната сезона со точни датуми И времиња сè до пролетта, на НФЛ И треба неколку месеца да го координира распоредот за целата сезона за да, меѓу другите причини, натпреварите се работат околу разни расправии за распоредот, и и помага да ги максимизира телвизиските рејтинзи.

Плејоф

уреди

Секој од четирите победници во дивизиите е одреден за носител 1-4 врз основа на нивниот сооднос во победи-порази-реми. Двата Џокер тима (наречени Џокер 1 и 2) се одредени за петти и шести носители (подобриот од нив е петти носител) без разлика од нивните резултати во споредба со четирите победници во дивизиите. Сезоната завршува со турнир од дванаесет тима за да се одредат тимовите кои ќе играат во Суперболот. Групите во турнирот се состојат од шест тима во секоја од двете конференции во лигата, Американската Фудбалска Конференција (АФЦ) и Националната Фудбалска Конференција (НФЦ) по крајот на регуларната сезона од 16 натпревари:

  • Четирите победници во дивизиите од секоја конференција (тимот во секоја дивизија со најдобриот победи-порази-ремиа скор во регуларната сезона) кои се одредени за носители еден до четири врз основа на нивниот победи-порази-ремиа скор (тајбрејк може да се користат)
  • Два Џокер квалификанти од секоја конференција ( тие не-дивизиски победници со најдобриот скор во конференцијата, на пример најдобриот победи-порази-ремиа проценти, во серија од тајбрејк правила во случај да има повеќе тима со ист број на победи и порази) кои се петти И шести носител.

Во секоја конференција 3 и 6 носител и 4 и5носител играат меѓусебно во првото коло од плејофот, наречен Џокер Плејоф (лигата во скорешно време го користи И терминот Џокер Викенд). Носителите 1 и 2 од секоја конференција се слободни во првото коло, што им овозможува автоматски да се пласираат во второто коло, Дивизиските Плејоф натпревари, да се соочат со победничките тимови од првото коло. Во второто коло, носителот 1 секогаш игра против најнискиот носител сè уште во игра од неговата конференција. Во кој и да е плејоф натпревар, повисокиот носител секогаш има помош од домашен терен ( на пример натпреварот се игра на домашниот терен на повисокиот носител). Двата победнички тима од Дивизиските Плејоф натпревари се соочуваат во Конференцискиот натпревар за Титула, а поведниците од овие натпревари се соочуваат меѓусебно во Суперболот во натпревар игран на неутрален терен кој е обично внатре или во област со топло време. Одредениот домашен тим се менува од година до година помеѓу конференциите. Во Супербол 44 АФЦ Шампионот беше домашниот тим. НФЛ е единствена од четирите големи професионални спортски лифи во Соединетите Држави која употребува турнир со единствена-елиминација во плеофот, Големата Безбол Лига, Националната Кошаркарска Асоцијација и Националната Хокеј Лига сите користат најдобар-од формат.

Про Бол

уреди

Про Болот, Ол-стар натпреварот на лигата, се одржува традиционално викендот после Суперболот. Натпреварот се играше на различни локации пред па почне да се одржува на Алоха Стадион во Хонолулу, Хаваи 30 последователни години од 1980 до 2009. Про Болот во 2010 се одигра на Sun Life Стадион, домашниот стадион на Miami Dolphins, локазијата домаќин на Супербол 44, на 31 Јануари, за првпат Про Болот се одигра пред натпреварот за титулата. Натпреварите во 2011 И 2012 ќе се вратат во Хонолулу.

Календар

уреди

Иако НФЛ се игра само во крајот на летото, есента и почетокот на зимата, продолжената вонсезона И сама по себе настан, со драфтот, потпишувањето на слободни агенти, И објавувањето на распоредот ја задржуваат НФЛ во центарот на вниманието дури И во пролетта, коганема баш никакви настани на теренот. Типичен цалендар на настаните во лигата е ваков, со датумите наведени од 2010 НФЛ сезона:

  • 22 Февруари - Противниците за Натпреварот во Куќата на Славните се објавени
  • 24 Февруари - 2 Март - НФЛ Тренинг истражувања: Лукас Оил Стадион, Индианаполис, Инд.
  • 25 Февруари - Краен рок за тимовите да ги назначат Франшиза и Транзиција играчите.
  • 5 Март - Потпишување со ветерани слободни агенти почнува. Периодот на трговија почнува.
  • 21-24 Март - НФЛ Годишен состанок: Дејна Поинт, Калифорнија. Обично придружен со објавување на распоредот И противниците за првиот натпревар и ноќните натпревари на викендот на отворање.
  • Ран Април - Тимовите почнуваат со доброволни тренинзи.
  • 20 Април: Објавување на распоредот за 2010год.
  • 22-24 Април - НФЛ Драфт: Њујорк
  • 24-26 Мај - НФЛ Пролетен состанок: Форт Лодердејл: Флорида
  • 27-30 Јуни - НФЛ Руки Симпозиум, Палм Бич Гарденс, Флорида
  • Средина на Јули (зависи од тимот) – Тренинг камповите започнуваат
  • 7 Август - Церемонија за назначување во Про Фудбал Куќата на славните, Кантон, Охајо, вклучувајќи ја утакмицата за Куќата на Славните
  • 12-16 Август - Прв целосен Претсезонски викенд
  • 31 Август - Кратење на ростерот од 80 на максимум 75 играчи
  • 4 Септември - Кратење на ростерот од 75 на максимум 53 играчи
  • 9-13 Септември - Почетен викенд во 2010 (Недела 1 од регуларната сезона
  • 31 Октомври - Натпревар од интернационалната серија (Вембли Стадион, Лондон)
  • Ноември - Про Бол гласање, флексибилен распоред за Недела Вечер Фудбал и пакетот на НФЛ Мрежата за ноќни натрепави сите започнуваат
  • 25 Ноември - Натпревари за Денот на Благодарноста
  • 2 Јануари 2011 - Крај на регуларната сезона
  • 8 Јануари 2011 - Плејофот започнува
  • 23 Јануари - АФЦ Натпревар за Титулата и НФЦ Натпревар за Титулата
  • 30 Јануари - Про Бол
  • 6 Февруари - Супербол

Тимови

уреди

Моментни НФЛ Тимови

уреди
AFC East
уреди
  • Miami Dolphins
  • New England Patriots
  • Buffalo Bills
  • New York Jets
AFC North
уреди
  • Cincinatti Bengals
  • Pittsburgh Steelers
  • Cleveland Browns
  • Baltimore Ravens
AFC South
уреди
  • Indianapolis Colts
  • Jacksonville Jaguars
  • Tennessee Titans
  • Houston Texans
AFC West
уреди
  • Denver Broncos
  • Kansas City Chiefs
  • Los Angeles Chargers
  • Las Vegas Raiders
NFC East
уреди
  • Washington Commanders
  • Dallas Cowboys
  • New York Giants
  • Philadelphia Eagles
NFC North
уреди
  • Green Bay Packers
  • Chicago Bears
  • Minnesota Vikings
  • Detroit Lions
NFC South
уреди
  • New Orleans Saints
  • Carolina Panthers
  • Atlanta Falcons
  • Tampa Bay Buccaneers
NFC West
уреди
  • San Francisco 49ers
  • Seattle Seahawks
  • Los Angeles Rams
  • Arizona Cardinals

НФЛ се состои од 32 тима. На секој тим му е дозволено да има максимум од 53 играчи на ростерот, но можат да облежат само 45 од нив да играат секоја недела за време на регуларната сезона. Отсликувајќи ја популацијата поделеност на Соединетите Американски дрзави како Целина, повеќето тимови се од источниот дел на државата, 17 тима се во Источната Временска Зона, и 9 други во Централната Временска Зона. Повеќето области метрополис во Соединетите Држави имаат НФЛ организација, иако Лос Анџелес, втората најголема метропола во државата нема НФЛ тим од 1994. The Rams и The Raiders беа домаќини во Лос Анџелес 1946-1994 и 1982-1994. Во 2005 некои натпревари на The Saints беа играни во Сан Антонио и Батон Руж поради Ураганот Катрина. За разлика од Големата Безбол Лига, Големата Сокер Лига, Националната Кошаркарска Асоцијација, Националната Хокеј Лига, лигата нема постојан тим во Канада, иако Buffalo Bills играат еден натпревар годишно во Торонто. Исто така, се водат разговори за можен тим во Торонто, најголемиот град во Канада. Dallas Cowboys се највреднуваната организација во Американски фудбал, проценети на околу 1.6 билиони долари и една од најбогатите организации во сите професионални спортови во светот, моментно втори зад Англискиот Сокер (фудбал) тим Манчестер Јунајтед кпј има приближна вредност од околу 1.8 билиони долари по моментната курсна листа. (Случајно, поголемиот дел од акциите во Манчестер се на Малколм Глејзер, кој е исто така сопственик на НФЛ тимот Tampa Bay Buccaneers).

Поранешни НФЛ тимови

уреди

Во најраните години, НФЛ беше нестабилна И донекаде неформална организација. Многу тимови влегуваа И ја напуштаа годината секоја година. Но од аквизицијата на Сета-Американска Фудбалска Конференција во 1950 НФЛ покажува неверојатна стабилност. Последниот тим да згасне беше Даллас Теџанс во 1952, неговите остатоци се употребија за формирање на експанзијата Балтиморе Цолтс.

Медија

уреди

Телевизија

уреди

Телевизиските права за НФЛ се многу примамливи и скапи. Секоја година, Суперболот е едно од најгледаните шоуа на годината. Четири од десетте најгледани програм спре Медиското Истражување на Нилсен се Супербол. МрежИ изнајмуваат дел од правата за пренос на НФЛ со цел да го подигнат профилот на целата мрежа. Суперболот е многу популарен секоја година па така многу компании премиерно прикажуваат сложени реклами за време на натпреварот. Според моментните телевизиски договори, кои започнаа во 2006 сезона, натпревари од регуларната сезона се пренесуваат на 5 мрежи: CBS, Fox,NBC, ЕСПН и НФЛ Мрежата. Регионално прикажаните натпревари се пренесуваат на CBS и Fox посебно за АФЦ И НФЦ тимови (гостинскиот тим одлучува кој ќе пренесува во случај на интер-конференциски натпревари,најверојатно за секоја мрежа да може да покажува натпревари од сите стадиони. Овие натпревари обично се играат во 1:00п.м (13:00) и 4:05п.м (16:05) или 4:15п.м (16:15) Источно време (Заради разликите помеѓу Источното и месното време, натпревари играни во Пацифичнота И Планинската часовен појас никогаш не се играат во 1:00п.м). Во национално емитуваните натпревари се вклучени и Натпреварот во недела вечер (прикачуван на НБЦ) Натпревари во понеделник вечер (прикажуван на ЕСПН), Почетниот натпревар во четврток вечер (прикажуван на NBC) годишниот натпревар помеѓу Dallas Cowboys и Detroit Lions за Денот на Благодарноста (CBS и Fox) и започнувајќи од 2006, сите Натпревари во четврток и сабота на НФЛ Мрежа, целосно поседувана филијала на Националната Фудбалска Лига. Додатно, сателитската компанија за пренос ДирекТВ нуди НФЛ Неделен Билет, пакет заснован на претплата, што овозможува повеќето Неделни дневни регионални натпревари да бидат гледани. Овој пакет е ексклузивен за ДирекТВ во САД, за претплатници на Dish Network Веризон ФиОС и Комкаст НФЛ нуди Редзоун поевтин единечен канал кој започна во 2009 и емитува Тачдаунови и најважни момент за време на натпреварите во недела попладне. Во Канада, НФЛ Неделниот Билет е достапен на дистрибуција по-снабдувач договор на и двете каблосвка и сателитска. НФЛ исто така произведува преноси за различни мрежи, најмногу шоуа со преглед на најважните настани како Во НФЛ за Шоутајм и други историски натпревари преко обновената НФЛ Филмови дивизија која обично се емитува на ЕСПН и НФЛ Мрежа. Други програми произведени од НФЛ се Силни Удари, ХБО серија која ги опишува тренинг камповите на одбрани тимови, плус анимиранато шоу за деца Рашзоун: Чувари на Јадрото која се емитува на Виакомовиот канал Никтјунс.

Радио

уреди

Секој НФЛ има своја радио мрежа и ги вработува објавувачите. Национално, НФЛ се слуша на Вествуд Еден Радио Мрежа, Спорт САД Радио Мрежа, Диал Глобал-Цомпас Медиа Спорска Мрежа и на Шпански на Јунивижн Радио. Вествуд Еден пренесува Недела и Понеделник Ноќен Фудбал, сите Четвртожни натпревари, два натпревари во Недела попладне секоја недела, Про Фудбалскиот Натпревар за Куќата на Славните, сите пост-сезонски натпревари, вклучувајќИ го Про Болот. Спорт САД Радио и Диал Глобал-Цомпас секој емитува две Недела Попладне натпревари секоја недела за време на регуларната сезона, со дговори со идивидуални ти9мови. Јунивижн пренесува Понеделник Вечер натпревари, одбрани натпревари од метро областа Њујорк и сите плејоф натпревари. НФЛ исто така има договор со Сириус Сателитско Радио, кое обезбедува новости, анализи, коментар и пренос на сите натпревари, како И опфатен пренос на драфтот и на вон-сезоната на сопствениот канал, Сириус НФЛ Радио. Радио преноси на НФЛ на Интернет се вршат преку ФиелдПас, претплатен сервис. Радио станиците се, по правило, со забрана за емтување на натпревари бесплатно од нивните интернет локации, но многу го кршат ова правило. Сите 32 тима, плус Вествуд Еден и Јунивиж, моментно нашиот вреден емитуваат преку ФиелдПас од 2009, Диал Глобал-Цомпас и Спорт САД не емитуваат.

Интернет

уреди

Во Октомври 2006 НФЛ објави дека лигата ќе управува целосно со NFL.com, вклучувајќи го развитокот на технологијата, инфраструтурата и содржината за уредување. Објавувајќи го својот прв голем редизајн од 1999 во август 2007, ликацијата претходно беше произведена и водена од 2001 од CBS СпортскаЛинија. Проценето е дека договорот чини 120 милиони долари во пет-годишен период. Пред CBS, ESPN.com ја произведуваше и водеше НФЛ локацијата. Брајан Ролап, сениор заменик претседател на дигиталните медиум и стратегијата на медиумот: во брзо променливата дигитална слика, донесувајќи ја НФЛ дома, ни дава поголема контрола врз нашата вредна содржина ни овозможува да ја градиме локацијата стратешки како медиско богатство. Навивачите можат да се надеваат на позанимлива, интерактивна И информативна локација градена на експертност на НФЛ и други внатрешни медијски разграноци како НФЛ Мрежа И НФЛ Филмови. Јунивижн Онлајн, интерацтивната филијала на Јунивижн Комуникации Инк. И НФЛ објавија во јануари 2008 дека тие заеднички ќе раководат и управуваат со NFLatino.com под водство на Univision.com - официјално мрежно место на НФЛ на шпански. NFLatino.com е единственото шпанскојазично мрежно место во Соединетите Државид да дава НФЛ видео од главните настани. Како додаток, мрежното место вклучува радио преноси во живо, точни податоци, дневнци на Шпанските играчи, Фантазиски Фудбал и внатрешен поглед на сите 32 тима. Беше објавено во март 2009 дека NFL.com ги доби своите први Спортски Еми номинации, кои се здобија со препознатливост за нивното емитување во живо на NFL.com на Четврточните и Саботните ноќни натпревари на НФЛ Мрежата (Извонредни нови пристапи, пренос) И нивната Анатомија на Игра, кратки 360 степени анализи на најважните акции на неделата (Извонредни нови пристапи, опќт интерест). Започнувајќи во септември 2008 НФЛ објави дека ќе ги пренесува комбинирано сите Натпревари во недела вечер на NBC на NFL.com сместен на nfl.com/snf. Во 2007 тие снабдија Еми-номиниран придружен пренос во живо кој вклучуваше делумен комбиниран пренос на Трка во Плејофот, на НФЛ Мрежата, пакет од осум натпревари со проширени анализи на НФЛ Мрежата. НФЛ нуди платежна услуга кој им овозможува на навивачите да ги гледаат целата регуларна сезона, плеофот и Суперболот онлајн. Како и да е, гледачи во Соединетите држави не можат да ги гледаат овие натпревари во живо. Наместо тоа услугата се обновува во понеделник, среда и петок. Нуди целосна ДВР функционалност со мошноста да се гледаат дури 4 претходно снимени натпревари одеднаш. НФЛ нуди платежна услуга на НФЛ навивачите надвор од Соединетите Држави да ги гледаат сите натпревари од регуларната сезона и плејофот, освен Суперболот во живо онлајн. Оваа услуга не е можна за навивачите во Соединетите Држави или Мексико.

Договори на играчите и компензација

уреди

Сите НФЛ играчи се членови на унија наречена Асоцијација на Играчите во Националната Фудбалската Лига (НФЛПА). НФЛПА преговара за општиот минимален договор за сите играчИ во лигата. Овој договор е наречен Заеднички Договор (ЦБА) и е централен доцумент кој управува со преговорите за договори на играчите за сите играчи во лигата. Моментниот ЦБА е наместо од 1993 и беше дополнет во 1998 И повторно во 2006. НФЛ немал работнички прекинувања на работата од 1987, што е подолго од Главната Безбол Лига (1994 и почетокот на 1995 сезона) НБА (1998-99 сезона) или НХЛ (2004-05 сезона откажана) Моментниот СВА беше оригинално на распоред да истече во 2012, но во 2008 сопствениците го искористија своето право да се откажат од договорот 2 години порано. Играчите се поделени на 3 различни нивоа во однос на нивните права да преговараат за договори:

  • Играчи кои се драфтувани и сè уште не играле во својата прва година, можат да преговараат само со тимот кој ги драфтувал. Ако не можат да се договорат, единствена опција на играчите е да одбијат да играат сè додека не се дојде до решение. Играчите често ја користат заканата од неиграње како начин да ги принудат рацете на тимовите кои ги драфтувале. На пример, Џон Елвеј беше драфтуван од Балтимор Колтс во 1983, но одби да игра за нив. Тој имаше резервна опција од безбол, бидејќИ играл за организацијата Њујорк Јенкис две лета додека во Стенфорд. Колтс ги продадоа неговите права на Денвер Бронкос и Елвеј се согласи да игра. Бо Џексон преседе цела сезона во 1986, одбирајќи да игра безбол во организацијата на Канзас Сити Ројалс отколку да игра за Темпа Беј Баканиерс, тимот кој го драфтуваше. Тој повторно влезе во драфтон нарредната година, беше драфтуван и веднаш потпиша со Лос Ангелес Рајдерс.
  • Играчи кои одиграле три цели сезони во НФЛ, и чиј договор истекол се сметаат за Врзани Слободни Агенти. Тие имаат лимитирани права да преговараат со друг тим.
  • Играчи кои одиграле четири или повеќе цели сезони во лигата и чиј договор истекол се сметаат за Неврзани Слободни Агенти И имаат неограничени права да преговараат со кој и да е тим. Тимови можат да назначат еден играч секоја година како Организациски Играч, што елиминира голем број од правата на преговарање на играчот. Ова е сепак лимитирано право на тимот и засега само мал број на играчи секоја година.

Во 2010 сезона СВА не беше продолќен со што се сменија правилата играчИ да не станат Неврзани Слободни Агенти сè додека не одиграат шест цели сезони во лигата. Тие ќе бидат врзани слободни агенти ако имаат три-пет цели сезони во лигата Предмети покриени во СВА се:

  • Минималната плата во лигата
  • Платежна граница
  • Годишниот колегијален драфт
  • Правила поврзани со слободни агенции
  • Правила за привилегија

Плати

уреди

Платата на играчот, дефинирана според СВА, вклучува која било компензација во пари, имот, инвестиции, заеми или каква и да е било друга вредност со која НФЛ играч може да биде награден икслучувајќи бенефиции како осигурување И пензија. Платата може да вклучува годишно плаќање и еднократен бонус при потпиешување кој е платен во целост кога играчот го потпиешуванеговиот договор. Во сврха на платежната граница, бонусот при потпиешување е поделен за време на траењето на договорот отколку во годиниата во која бонус при потпиешување се плаќа. Договорите со играчите не се гарантирани, тимовите се обврзани да го плаќаат договорот сè додека играчот е член на тимот. Ако играчот е отпуштен или се откаќе за било која причина, билансот од договорот отпаѓа и играчот не добива понатамошна компензација. Меѓу други работи, СВА обезбедува минимална плата за неговите играч, кој се наголемува со поголемо искуство. Играчите и нивните агенти можат да преговараат со тимовите за поголеми плати, што и често го прават

Платежен лимит

уреди

Платежната граница се дефинира како максималната сума што тимот може да ја троши на играчки компензации во дадена сезона, за сите играчи заедно. За разлика од другите лиги, како на пример НБА (која дозволува некои отстапки), НФЛ има силен лимит, сума која ниетен тим под никакви услови не смее да ја пречекори. Платежниот лимит се пресметува со моментниот СВА како 59.5% од целосниот проектиран приход на лигата за наредната година. Овој број, поделен со бројот на тимовите го одлучува поединечниот максимален платежен лимит на тимовите. За 2008 ова беше приближно 116 милиони долари по тим. За 2009, се зголеми на 127 милиони долари. Како резултат на откажувањето на НФЛ сопствениците од СВА две години порано, во недостаток на нов СВА нема да има платежен лимит во 2010. Тимови и играчи често пронаоѓаат нови креативни начини да ги сместат платите во платежниот лимит. Рано во ерата на платежниот лимит бонуси при потпишување беа употребувани д аим дадат големи суми од пари однапред и со тоа не се рачунаа во понатамошниот дел од договорот. Ова доведе до правило каде сиот бонус се поделува еднакво за секоја година од договорот. Па така ако играч добие 10 милиони долари бонус при потпишување на петгодишен договор, 2 милиони долара по година ќе се бројат против платежниот лимит за времетраењето на договорот, иако сите 10 милиони долари беа платен за време на првата година од договорот. Договори на играчите често се наполнети од позади. Ова значи дека договорот не е поделен еднакво за временскиот период кој го покрива. Наместо тоа играчот заработува сè повеќе и повеќе со секоја помината година. На пример играч кој потпишал четиригодишен договор вреден 10 милиони долари може да биде платен 1 милион првата година, 2 милиони вторатагодина, 3 милиони третата година и 4 милиони четвртата година. Ако тим го отпушти овој играч после првата година, последните 3 години не се сметаат против платежниот лимит. Секој боцун при потпишување престанува да се смета еднакво и целиот баланс од бонусот се смета против лимит во нарендата сезона

НФЛ Драфт

уреди

Секој Април, секоја НФЛ организација бара нарин да додаде нови играчи на ростерот преку колегијален драфт познат како Годишен Избор на Играчи на НФЛ, кој е попознат како НФЛ Драфт. Тимовите се рангирани во обратен редослед засновани според скорот од претходната сезона, кај што тимот со најлошиот скор избира прв, вториот најлош бира втор итн. Без разлика од нивниот скор во регуларната сезона, последните два избора во секоја рунда одат на двата тима кои играле во Суперболот кој се одигрува пред драфтот, а Супербол шампионот избира последен. Драфтот трае седум рунди. Во минатото Рундите 1-2 се одржуваа во Сабота на драфт викендот, а рундите 3-7 во Недела. За време на 2010 лигата експериментираше со нов сѕстем. Рунда 1 се одржа во Четврток вечер од драфт викендот. Рундите 2 и 3 се одржаа во петок вечер од драфт викендот. Рундите 4 до 7 се одржаа во сабота. Импактот од овие промени според коментаторите на ЕСПН и Спортс Илистрејтед беше тоа што тимовите добија повеќе време да тргуваат за драфт избори во раните рунди и процесот ја зголеми вредноста на првите избори во рундите 2 и 4. На тимовите им се даваат 10 минути во рвата рунда од драфтот, 7 во втората И 5 во сите други рунди. Ако избор не е направен во даденото време, наредните тимови во драфтот можат да драфтуваат пред нив. Ова се случИ во 2203 на Минесота Викингс. Тимовите имаат опција да ги продадат нивните избори на други тимови за различни избори, играчи, кеш или комбинација од горенаведените. Додека трговии играч-за-играч се необични за остатокот од годината (особено во споредба со други спортови), тргувања се многу почести на денот на драфтот. Во 1989 Далас Каубојс го тргуваа тркачкиот бек Хершел Вокер во Минесота Викингс за пет играчи ветеран и шест драфт избора за 3 години. Каубојсите ги искористија овие избори да организираат тргувања ва додатни извори и играчи ветеран. Како директен резултат на ова тргување, тие ќе драфтуваат многу ѕвезди кои ќе им помогнат да освојат три Супербола во 1990-тите вклучувајќи ги Емит Смит, Расел Мериленд и Дарен Вудсон. Првиот избор во драфтот често е вкупно најдобриот играч во руки класата. Ова може, но не мора да биде точно бидејќи тимовите често избираат засновано на тимските потреби, отколку на вкупниот квалитет на вештините на играчот. Исто така многу тешко е да се споредуваат играчи од различни позиции. Сепак се смета за голема чест да се биде збор во првата рунда од драфтот, а уште поголема да се биде првиот вкупен избор. Последниот избор на драфтот е познат како Мистер Безначаен, и е предмет на вечера во негова (сомнителна) чест во Њупорт Бич, Калифорниа. Драфтуваните играчи можат да преговараат само со тимот кој ги драфтува (или со друг тим ако се тргувани таму). Тимот кој драфтува има една година да потпише со играчот. Ако тоа не го направат, играчот може да влезе во драфтот повторно и да биде драфтуван од друг тим. Бо Џексон фамозно одмори една сезона на овој начин.

Слободна агенција

уреди

Општо

уреди

Како што е дефинирано според Заедничкиот Договор СВА, слободен играч е секој играч кое не е под договор со некој тим и според тоа има целесно слободни права да преговара со кој било друг тим за нови услови на договорот Слободните агенти се поделени во две категории: врзани и неврзани. Панатаму, тим може да го назначи играчот како организација или транзиција, со што му ставе понатамошни рестрикции на тој играч да преговара. Сепак, мошноста на назначување е лимитирана и засега само неколку играчИ секоја година. Слободна агенција во НФЛ започна со лимитиран сѕстем за слбодни агенти познат како План Б Слободна Агенција, кој беше во ефект помеѓу сезоните 1989 и 1992. Започнувајќи со 1993 План А Слободна Агенција влезе во ефект.

Врзани слободни агенти

уреди

Играч кој има 3 години искуство во лигата е способен за Врзана Слободна Агенција, каде што неговиот сегашен тим има можност да ги задржи правата над овој играч со изедначување на највисоката понуда што некоја друга организација може да ја даде за тој играч. Тимот може да го блокира тргувањето или всушност да го принуди тргувањето со нудење на плата над некој лимит. Во 2006 овие лимити беа како што следи:

  • Ако тим даде понуда од 685.000 долари по година за три-годишен ветеран и 725.000 за четиригодишен ветеран сегашниот тим на играчот има право на прво одбивање над тој договор и може да потпиеше со играчот за таа сума. Ако тим даде понуда од 712.000 долари или 110% (кое е поголемо) од платата од претходната година, тогаш сегашниот тим има право на прво одбивање и право на драфт избор од истата (или подобра) рунда од тимот кој потпиешува. Ова всушност значИ дека новиот тим мора да даде драфт избор на стариот тим ако сакаат да потпишат со играчот под овие услови.
  • Ако тим даде понуда од 1.552 милиони долари или 110% (кое е поголемо) од платата во претходната година, тогаш сегашниот тим има право на прво одбивање И право на драфт избор од првата рунда од тимот кој го потпишува

Неврзан слободен агент

уреди

Играч кој има четири или повеќе години искуство е квалификуван за неврзана слободна агенција, каде што сегашниот тим нема гарантирани права да ги изедначи надворешните понуди за тој играч. Ова значи дека играчИ во ова категорија имаат неограничени права да преговараат со секој тим. Промени во слободната агенција во 2010 Во 2010, СВА не беше продолжен па така правилата се сменија играчите да не станат Неврзани Слободни Агенти сè додека не направат шест години искуство. Тие ќе бидат Врзани Слободни Агенти ако имаат три-пет години искуство. Исто така ќе има лимитации врз тоа кои тимови се во можност да потпиешуваат со слободни агенти. Ова е дел од група на промени на правила напишани во СВА дизајнирани со цел да ги натераат сопствениците и НФЛПА да преговараат за нов СВА, играчите губат права во слободната агенција, а сопствениците го губат платежниот лимит.

Организациско означување

уреди

Организациското означување е дезигнација дадена на играч од организацијата што гарантира на играчот договор кое е просек од петте најплатени играчи на таа позиција во целата лига или 120% од платата во претходната година (кое е поголемо) за возврат да ги задржи правата врз играчот за една година. НФЛ организација може да назначи еден играч по година со организациското означување, И може да го означИ истиот играч во последователни години. Ова створи тензија помеѓу назначените играчи и ниивните тимови поради фактот што играчот назначен како организациски го спречува од трагање по големи бонуси при потпишување кои се карактеристични во слободната агенција и го спречува играчот од напуштање на тимот особено кога причините за напуштање не се од финанскиска природа. Тим може во своја дискреција да му дозволан на организацискиот играч да преговара со други тимови, но ако потпиеше со друг тим, сешниот има право на два избора од првата драфт рунда како компензација