Карака
Карака - брод со три или четири јарболи кој бил направен и користен во 14-15 век во Европа, особено во Португалија. Овие бродови биле развиени од бродот „кога“ со еден јарбол, и најпрво се користеле за европска трговија од Медитеранот до Балтикот и брзо се нашле во употреба и во трансатлантската трговија меѓу Европа и Африка и потоа Америка. Во повеќето напредни форми, тие биле користени од Португалците за трговија помеѓу Европа и Азија, почнувајќи од крајот на 15 век, сè додека конечно да биле заменети во 17 век со галеонот, кој пак бил воведен во 16 век.
Во својата најразвиена форма, караката била брод кој бил доволно голем за да може да биде стабилен дури и во немирните мориња, и за голем товар и потребните средства за многу долги патувања. Подоцнежните караки користеле јадра во коцкеста форма на предните и средните јарболи и јадра во форма на триагонлици на задните јарболи. Тие имале висок заоблен заден дел и преден дел на бродот и бушприт. Како претходник на галеонот, караката била една од највлијателните дизајни на бродови во историјата; додека бродовите стануваа поспецијализирани во следните векови, основниот дизајн остана непроменет во целиот овој период.[1]
Наводи
уреди- ↑ Konstam, A. (2002). The History of Shipwrecks. New York: Lyons Press. стр. 77–79. ISBN 1-58574-620-7.