Портал:Класична музика/Избрана статија
Георг Фридрих Хендл (гер. Georg Friedrich Händel, англ. George Frideric Handel) (23 февруари 1685 – 14 април 1759) — германски британски барокен композитор, водач во музичките форми кончерто гросо, опера и ораториум. Роден е во Хале, а го провел речиси сиот полнолетен живот во Англија, британски државјанин на 22 јануари 1727. Неговите најпознати дела се Месија, ораториум според текст од Библијата на кралот Јаков, Музика на вода и Музика за кралскиот огномет. За поука и инспирација ги користел техниките на големите композитори на италијанскиот барок, како и музиката на Хенри Персел, а самиот пак извршил големо влијание врз многу композитори по него како Хајдн, Моцарт и Бетовен, а неговите дела биле од значење за преодот од Барокот кон Класицизмот.