Портал:Биографија/Одбран портрет/2007/ноември
Николај Васиљевич Гогољ (1809-1852), (руски: Никола́й Васи́льевич Го́голь) е руски книжевник кој прв пат се појавил во часописот Туѓински записи (1830) со своите романтично-фолклорни раскази. Набрзо ги собрал симпатиите на читателите и литературната критика. Подоцнежните негови приказни се погорки, но поживи, а романтични само во фаталистичкото помирување со судбината и инспирирани од секојдневието. Производ на овој период од творештвото на Гогољ е Тарас Буљба, дело во кое авторот е понесен со романтичарското восхитување спрема слободољубието, чистољубието и родољубието на своите козачки предци. Кариеристи, подмитувачи, ситни крадливци на туѓото време и труд, пијани насилници и оние кои во пијалакот ја топат тагата влегле во неговото дело и оживеале големо внимание од спахиска Русија низ поемата Мртви души и комедијата Ревизор. Неговите јунаци Манилов, Собакевич, Ноздрјов, Хлестаков, Акакије Акакјевич Башмачкин, Чичиков и други станале поими. Подоцна, престрашен од ужасите кои во неговите литературни дела верно ја отсликувале Русија, почнал да се кае пред себе и општеството и ја напишал книгата Избрани места од преписките со другарите. Тој без успех се обидувал на мрачната слика на Русија и фрли светли тонови и да создаде позитивни јунаци. Рака за спас му пружил Белински во прочуеното писмо и се обидел да го спречи да се удави во сопствениот очај. Тоа било залудно; неколку денови пред смртта, Гогољ го уништил ракописот за вториот том од Мртви души.
Гогољовото дело пресудно влијаело на развитокот на руската уметничка проза; на основите на неговите литературни постапки, Белински ги формулирал принципите на т.н. натурална школа во руската литература. Чернишевски го сметал за основач на "сатиричниот, или поточно критичкиот правец на рускиот реализам", доминантен во руската литература во XIX, како и на почетокот на XX век.