Попови Трња (Црничани)
археолошко наоѓалиште во Македонија
„Попови Трња“
| |
Местоположба | 41°15′08″N 22°38′14″E / 41.25222° СГШ; 22.63722° ИГД |
Основни податоци | |
---|---|
Место | Црничани |
Општина | Дојран |
Тип |
|
Период | римско време |
Портал „Археологија“ |
Попови Трња — археолошко наоѓалиште во дојранското село Црничани. Претставува населба од римско време.
Во непосредната близина на крстопатот Валандово-Дојран-Богданци, од северната страна на патот за Богданци (Р1109), а спроти наоѓалиштето Атици, во парцелите на поранешната винарија „Винојуг“, на површина од 200 × 100 м се гледаат грамади од градежен камен, фрагменти од архитектонска пластика, како и множество фрагменти од керамички садови.[1]
Поврзано
уредиНаводи
уреди- ↑ Грозданов, Цветан; Коцо, Димче; и др. (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Т. 2. Скопје: МАНУ. стр. 115. ISBN 9989-649-28-6.