Список на археолошки наоѓалишта во Дојранско
Ова е список на археолошките наоѓалишта во Дојранско,[1] односно на наоѓалиштата кои се наоѓаат на територијата на Општина Дојран, но не и оние во дојранскиот дел на денешната општина Кукуш во Егејска Македонија, од другата страна на државната граница.
Наоѓалиштата се подредени по азбучен редослед на населените места во или кај кои се наоѓаат. Списокот може да не е целосен.
Населено место | Општина | Име | Тип | Период |
---|---|---|---|---|
Николиќ | Дојран | Агизмо | сакрален објект | среден век |
Гробишта | црква со некропола | среден век | ||
Лагер - Стари Лозишта | населба | хеленистичко и доцноантичко време | ||
Старо Село | црква и некропола | среден век | ||
Црквиште | базилика | старохристијанско време | ||
Нов Дојран | Дојран | Кај Училиштето | црква со некропола | среден век |
Кула | утврдена населба | римско време | ||
Манастир | населба и некропола | римско, доцноантичко и старохристијанско време | ||
Манастир | црква со некропола | среден век | ||
Топлец | бањи (терми) | римско време | ||
Црквиште | базилика | старохристијанско време | ||
Червиканско Поле | депо на монети | хеленистичко време | ||
Сретеново[а] | Дојран | Мешино Брдо | населба | доцноантичко време |
Фурка | Дојран | Аниште | населба и некропола | среден век |
Деволски Мост | мост | среден век | ||
Манастир | сакрален објект | среден век | ||
Црвеница | населба | среден век | ||
Црничани | Дојран | Атици | населба | неолитско време |
Керамичлук | населба | доцноантичко време | ||
Попови Трња | населба | римско време | ||
Селско Гумно | сакрален објект | среден век | ||
Чишмица | сакрален објект | среден век |
Наводи
уреди- ↑ Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. II. Скопје: Македонска академиjа на науките и уметностите. стр. 110–115. ISBN 9989649286.
Белешки
уреди^ а. Во Археолошка карта на Република Македонија (1996) наоѓалиштето погрешно се води дека му припаѓа на Стар Дојран.