Неапол (покраина)
Неапол (италијански: Provincia di Napoli, наполитански: Pruvincia 'e Nàpule) — покраина во регионот Кампанија, Италија. Административен центар е градот Неапол. Покраината има 92 општини.[1]
Покраина Неапол Provincia di Napoli | ||
---|---|---|
Покраина | ||
Положбата на покраината Неапол во Италија | ||
Земја | Италија | |
Регион | Кампанија | |
Админ. центар. | Неапол | |
Општини | 92 | |
Управа | ||
• Претседател | Лујџи Чезаро (PDL) | |
Површина | ||
• Вкупна | 1.171,13 км2 (45,218 ми2) | |
Население (03-31-2012) | ||
• Вкупно | 3.079.087 | |
• Густина | 26/км2 (68/ми2) | |
Час. појас | CET (UTC+1) | |
• Лето (ЛСВ) | CEST (UTC+2) | |
Пошт. бр | 80121-80147 (cap) 80010-80079 (rest) | |
Повик. бр. | 081 | |
Рег. таб. | NA | |
ISTAT | 063 | |
Мреж. место | Матична страница |
Демографија
уредиНеапол е најгусто населената покраина во Италија со површина од 1.171,13 км² и население од околу 3,1 милиони.[2]
Поважни општини | Население |
---|---|
Неапол | 983.797 |
Џуљано ин Кампанија | 108.492 |
Торе дел Греко | 88.540 |
Поцуоли | 82.503 |
Казорија | 81.871 |
Кастелмаре ди Стабија | 65.794 |
Афрагола | 63.483 |
Марано ди Наполи | 58.978 |
Портичи | 57.062 |
Ерколано | 55.310 |
Торе Анунцијата | 48.720 |
Туризам
уредиПодрачјето на покраината е познато по туризмот, како за странците, така и за Италијанците. Меѓу најпопуларните места во Италија е откопаниот римски град Помпеја, уништен со ерупцијата на Везув во 79 г.[3]
Значајни како туристички места се и трите острови во Неаполскиот Залив: Искја, Прочида (дел од Флегренските Острови) и Капри, познати под збирното име Кампански Архипелаг. На Капри се наоѓа прочуеното Сино Грото - пештера со чудесна сина боја што изгледа како да е осветлена одозвола, под водната површина.[4]
Популарност кај туристите ужува и Сорентскиот Полуостров со градот Соренто, познат по пијалакот лимончело и раскошните приморски карпи. Полуостровот е полн со вили, замоци, стражарски кули и цркви. Во Вико Еквенсе може да се видат и древни селски куќи.[5]
Наводи
уреди- ↑ „Upinet.it“. Архивирано од изворникот на 2007-08-07. Посетено на 2012-11-18.
- ↑ Попис од 2001 г.
- ↑ „ItalianCookingandLiving“. Архивирано од изворникот на 2003-08-29. Посетено на 2012-11-18.
- ↑ „Italia.it“. Архивирано од изворникот на 2007-03-25. Посетено на 2012-11-18.
- ↑ „SorrentoTourism.com“. Архивирано од изворникот на 2007-06-10. Посетено на 2012-11-18.
Надворешни врски
уреди- Покраина Неапол Архивирано на 20 декември 2010 г. (италијански)