Полиција (филм од 1916)
Полиција (англиски: Police) - американски филм од 1916 година, во режија на Чарли Чаплин, кој е автор и на сценариото и ја игра главната улога, заедно со Една Пурвианс (Edna Purviance) и Весли Раглс (Wesley Ruggles).[1]
Содржина
уредиЗатвореникот 999 (го игра Чаплин) само што е ослободен од затворот и веднаш е измамен од еден лажен свештеник. Одејќи по улицата, тој среќава пијан човек и паѓа во искушение да му го украде часовникот, а потоа неуспешно се труди да најде место за преспивање. Меѓутоа, тој е пресретнат од друг криминалец (го игра Раглс), кој го убедува да ограбат една куќа. Двајцата влегуваат внатре и започнуваат да ги крадат предметите, но фатени се на дело од девојката што живее во куќата. Кога криминалецот сака да се качи на горниот кат од куќата, девојката го спречува и затвореникот 999 започнува тепачка со криминалецот, бранејќи ја девојката. Во меѓувреме пристигнуваат полицајците, криминалецот успева да побегне низ прозорецот, а девојката го претставува затвореникот 999 како свој сопруг. На крајот, тој добива од девојката една монета, како награда.[2]