Полинезиски Триаголник

Полинезиски Триаголник ― регион во Тихиот Океан на чии агли се наоѓаат три островски групи: Хаваи, Велигденски Остров (Рапа Нуи) и Нов Зеланд (Аотеароа). Обично се користи како едноставен начин за определување на Полинезија. Сите овие острови биле ненаселени во времето кога Европјаните пристигнале таму.

Полинезискиот Триаголник е географски регион во Тихиот Океан на чии агли се наоѓаат Хаваи (1), Нов Зеланд (2) и Велигденски Остров (Rapa Nui) (3), а со исклучок на Фиџи на неговата западна страна. Во средина е Тахити (5), а Самоа (4) е западно од неа.

Денес, најбројни полинезиски народи се: Маорите, Хавајците (Канака Маоли), Тонганите, Самоанците, Ниуеанците и Тахиќаните. Сите јазици што месното население ги зборува во овој огромен триаголник се полинезиски јазици, кои лингвистите ги распределуваат како дел од океанската подгрупа од малајско-полинезиските јазици. Тие јазици влечат корени од прото-австронезискиот јазик, кој се зборувал во Југоисточна Азија пред 5.000 години. Има и многу полинезиски острови надвор од рамките на триаголникот во соседните Меланезија и Микронезија.[1]

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. O'Connor, Tom Polynesians in the Southern Ocean: Occupation of the Auckland Islands in Prehistory in New Zealand Geographic 69 (September–October 2004): 6–8

Надворешни врски

уреди