Самоанци
Самоанците се полинезиски народ кој живее воглавно на Самоанските Острови. Мајчин јазик на Самоанците е самоанскиот јазик, но добар дел од народот е двојазичен бидејќи англискиот е доста застапен на островите. Поради политичко-историски околности, татковината на Самоанците е поделена меѓу независната држава Самоа и американската територија Американска Самоа.
Самоански танчери | |
Вкупен број | |
---|---|
700.000-800.000 | |
Подрачја со значајно население | |
Океанија | |
САД | 243.682[1] |
Самоа | 205.557 |
Нов Зеланд | 182.721[2] |
Австралија | 98.029[3] |
Американска Самоа | 47.910 |
Канада | 1.100[4] |
Токелау | 100[5] |
Јазици | |
самоански, англиски, германски (историски) | |
Вероисповед | |
христијанство, народна вера | |
Сродни народи | |
други Полинезијци |
Во Самоа има околу 188.000 Самоанци според податоците од 2006.[6] Голем дел од Самоанците живеат надвор од Самоа, воглавно во Нов Зеланд (115.000 во 2001)[7] и Австралија (39,992 во 2006)[8]
Јазик
уредиМајчин јазик на Самоанците е самоанскиот јазик. Во светот се проценува дека има околу 370.00о самоански говорници, од кои 69% од нив живеат на Самоанските Острови. Во дијаспората, самоанскиот јазик се зборува во Нов Зеланд каде според пописот од 2006 година биле забележани 95,428 луѓе што зборуваат самоански, а имало 141,103 Самоанци. Така, од сите Самоанци во Нов Зеланд, 70.5 % можат да зборуваат самоански, што го прави јазикот четврт најзборуван во државата веднаш зад англиски, маорски и кинески. 66.4 % од Самоанците живеат во Окленд. Според пописот на Австралија од 2006 година, во државата имало 38,525 говорници на самоански, но имало 39,992 Самоанци.
Наводи
уреди- ↑ „NATIVE HAWAIIAN AND OTHER PACIFIC ISLANDER ALONE BY SELECTED GROUPS“. United States Census. Посетено на 2012-04-04.
- ↑ „2018 Census ethnic group summaries | Stats NZ“. www.stats.govt.nz. Посетено на 2021-02-24.
- ↑ „20680-Country of Birth of Person (full classification list) by Sex – Australia“. 2006 Census. Australian Bureau of Statistics. Архивирано од изворникот (Microsoft Excel download) на December 25, 2018. Посетено на 2008-06-02. Total count of persons: 19,855,288.
- ↑ „Census Profile, 2016“. February 8, 2017.
- ↑ „Australia-Oceania :: Tokelau“. CIA The World Factbook. 18 October 2021.
- ↑ Population of Samoa + their flag and capital city. Population-of.com (2006-12-14). Посетено на 2011-08-22.
- ↑ [1] Архивирано на 8 август 2009 г.. search.stats.govt.nz
- ↑ 2006 Census Table : Australia Архивирано на 8 септември 2013 г.. Censusdata.abs.gov.au. Посетено на 2011-08-22.