Пеколни работи (англиски: Infernal Affairs) или Патеката што не завршува (кинески: 無間道) - хонгконшки филм од 2002 година, во режија на Ендрју Лау и Алан Мак, по сценариото на Алан Мак и Феликс Чонг. Главните улоги ги толкуваат: Тони Љунг, Енди Лау, Ентони Вонг, Ерик Цанг, Кели Чен, Сами Ченг, Гордон Лам итн.[1] Филмот постигнал голем успех, освојувајќи 24 награди, а имал и 26 други номинации.[2] По успехот на овој филм биле снимени уште две продолженија.

Синопсис

уреди

Чан Винг-јан (го игра Тони Лјунг) е таен полициски агент кој е уфрлен во мафијата, како еден од најблиските соработници на моќниот криминалец Хон Сам (го игра Цанг). Неговиот вистински идентитет во полицискиот компјутерски систем е заштитен и него го знае само шефот на полицијата Вонг (го игра Вонг). Меѓутоа, Сам има уфрлено свој човек во полицијата - Лау Кин-минг (го игра Лау), кој постојано го известува за секоја полициска потера против него. Кин-минг дознава за уфрлениот таен агент кај Сам и го предупредува, а Сам му наредува да го открие. Наскоро, Кин-минг е назначен за шеф на одделението за внатрешна контрола и тој почнува да го следи Вонг со цел да го открие Чан. При една средба на Вонг и Чан, Кин-минг го известува Сам, кој ги испраќа своите луѓе на местото на средбата и тие го убиваат Вонг. Тогаш, Ки-минг решава да му се одмазди на Сам и во соработка со Чан му поставува стапица на Сам и го убива. По успешната акција, Чан го посетува Кин-минг со барање да му се врати вистинскиот идентитет и повторно да живее обичен живот. Но, токму тогаш, Чан открива дека токму Кин-минг бил уфрлениот човек во редовите на полицијата и дека тој е виновникот за смртта на Вонг. Затоа, Чан му закажува средба на Кин-минг со намера да го убие, но таму се појавува друг полицаец кој, исто така, е уфрлен човек на Сам. Полицаецот го убива Чан, но Кин-минг го убива него, а потоа на Чан му е вратен идентитетот и тој е закопан веднаш до гробот на Вонг, со најголеми почести.

Наводи

уреди