Подградец (Здуње)

археолошко наоѓалиште во Македонија
Подградец

Карта

Местоположба 41°48′34″N 21°9′38″E / 41.80944° СГШ; 21.16056° ИГД / 41.80944; 21.16056
Основни податоци
Место Здуње
Општина Македонски Брод
Тип

 населба


Период доцноантичко време
ран среден век
Портал „Археологија“

Подградецархеолошко наоѓалиште во поречкото село Здуње. Претставува населба од доцноантичко време и ран среден век. Се наоѓа на крајните западни падини на Сува Гора, под Црни Врв, каде реката Оча се влева во Треска. Тука на висок рид, од сите страни тешко пристапен (со зарамнето плато), кој доминира над околината, се зачувани темели од одбранбен бедем. По површината се среќаваат фрагменти од керамички садови, питоси и др. Во 1986 година, со заштитните археолошки ископувања биле откриени 4 гробни целости со наоди што се датираат од крајот на V век. Наодите се чуваат во Музејот на Македонија во Скопје.[1] Сребрената обетка е изработена во техника на лиење како дело на локална работилница, а бронзената обетка е во проста форма со кружен пресек на краевите кои се допираат. Археолошките предмети од извршените дополнителни археолошки истражувања во текот на 1998 година биле во фаза на обработка и конзервација.

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069