Св. Недела (Здуње)

археолошко наоѓалиште во Македонија
Св. Недела

Карта

Местоположба 41°48′34″N 21°9′38″E / 41.80944° СГШ; 21.16056° ИГД / 41.80944; 21.16056
Основни податоци
Место Здуње
Општина Македонски Брод
Тип

 црква  некропола


Период среден век
Портал „Археологија“

Св. Неделаархеолошко наоѓалиште во поречкото село Здуње. Претставува црква и некропола од среден век. Се наоѓа на околу 4 км северно од селото, високо над левиот брег на реката Треска во подножјето на ридот Булуноец, каде се наоѓаат остатоци од мала еднокорабна црква (Црква „Св. Недела“). Зачувани се јужниот и северниот дел на источниот ѕид, граден од кршен камен и добро обработен бигор. Северно од црквата се гледаат камени плочи од гробни конструкции со насоченост исток-запад. Во 1998 година биле вршени археолошки истражувања кога во новооткриената некропола биле истражени 11 гробови. Гробовите имаат форма на циста од обработени камени блокови. Некрополата најверојатно му припаѓала на средновековното селце Орлов Крст.[1]

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069