Плоштад на независноста (Киев)

50°27′0″N 30°31′27″E / 50.45000° СГШ; 30.52417° ИГД / 50.45000; 30.52417

Мајдански плоштад
Майдан Незалежності
Поглед кон плоштадот
Карта
Општи податоци
ГрадКиев
ЗемјаУкраина

Плоштад Мајдан Незалежмости (украински: Майдан Незалежності, во превод Плоштад на независноста) е централниот плоштад во Киев, главниот град н Украина. Тој е еден од главните градски плоштади и се наоѓа на улица Крештатик. Плоштадот е познат по многу различни имиња, но како Мајдан станал познат по политичките настани од 2004 година.

Зборот Мајдан на украински значи плоштад и доаѓа од персискиот збор за плоштад. Денешното име плоштадот го добил во 1991 година по прогласувањето на независност на Украина.

Историја

уреди

Во текот на својата историја, плоштадот имал неколку различни имиња. Областа била позната уште од времето на Киевска Рус, но таа не била населена или развиена до XVIII век, кога камените ѕидови биле изградени. Ѕидовите познат како Печетски порти постоеле до 1833 година.

Во 1830, првите дрвени домови биле изградени на ова место, а веќе во 1850-тите, започнале да се градат и згради од камен. Најпознатиот украински писател, Тарас Шевченко живеал во таа област во 1859 година. Областа започнала да се развива кон средината на 19 век.

Во 1871 година, плоштадот се викал Крештатикски плоштад, а од 1876 година, плоштад на градскиот сенат.

Во 1919 година плоштадот бил преименуван во Советски плоштад. Од 1935 бил наречен според советскиот функционер, Михаил Калинин. Во текот на Втората светска војна, плоштадот бил речиси целосно разрушен, заедно со околните згради и објекти. По крајот на војната, плоштадот бил целосно изграден во неокласичен сталинистички стил. Во 1976 година, името на плоштадот било преименувано во Октомвриска револуција, и плоштадот бил повторно реновиран.

По прогласувањето на независност на Украина во 1991 година, плоштадот го добил денешното име. Во 2001 година плоштадот бил местото каде се одржиле протести под името Украина без Кучма.