Пловдивски универзитет
Пловдивскиот униврзитет „Паисиј Хилендарски“ (бугарски: Пловдивски универзитет „Паисий Хилендарски“, скратено ПУ) е бугарски универзитет во Пловдив, основан во 1961 година.
Пловдивски униврситет „Паисий Хилендарски“ | |
Поглед на Факултет за физика, февруари 2013 | |
Друго име | ПУ |
---|---|
Поранешно име | Виш педагошки институт за природно-математички дисциплини |
Вид | државен |
Основан | 15 септември 1961 |
Ректор | проф. д-р Румен Младенов |
Наставен кадар | 500 |
Студенти | 18 000 |
Место | Пловдив, Бугарија |
uni-plovdiv.bg |
Историја
уредиУниверзитетот во Пловдив бил основан со Указ бр.264 на Президиумот на Народното собрание од 1 јули 1961 година како Виш педагошки институт за природно-математички дисциплини.
Во 1966 година, на предлог на Академскиот совет, Народното собрание го одобрил првиот бугарски преродбеник Паисиј Хилендарски за покровител на вишата учебна институција.
На 12 јануари 1972 година бил издаден Указ бр.24 на Државниот совет на Народна Република Бугарија, според кој Вишиот педагошки институт за природно-математички науки се трансформирал во Пловдивски универзитет.
Денес Пловдивскиот универзитет ги изполнува сите меѓународни стандарди, бидејќи обезбедува обука за студенти во четирите главни области на високото образование: природни науки, хуманистички науки, општествени науки и економија. Универзитетот „Паисиј Хилендарски“ во Пловдив е институционално акредитиран од Националниот одбор за сертификација и акредитација (Протокол бр. 1 од 15 февруари 2001 година). Над 7.500 редовни и 5.000 вонредни студенти се запишани на програмите и курсевите на деветте факултети на универзитетот. Редовниот наставен кадар го сочинуваат 34 редовни професори, 167 вонредни професори и 360 доценти.[1]
Структура
уредиДеветте факултети на кои е поделен универзитетот се:
- Биолошки факултет
- Факултет за економски и општествени науки
- Факултет за математика и информатика
- Просветен факултет (Педагошки факултет)
- Факултет за физика
- Факултет за јазици и литература (Филолошки факултет)
- Филозофско-историски факултет
- Хемиски факултет
- Правен факултет
Пловдивскиот универзитет има библиотека, Универзитетска издавачка куќа, Универзитетски информативен центар, специјализирани лаборатории, училници за јазици, мултимедијални и компјутерски простории, Центар за учење на далечина, Центар за кариерно насочување, Истражувачки оддел, Спортски центар, Театар за учење, Технички центри, Сервисни и сервисни единици.
Наводи
уреди- ↑ „СПРАВКИ ЗА БРОЯ НА СТУДЕНТИТЕ ВЪВ ВИСШИТЕ УЧИЛИЩА“, www2.mon.bg, Архивирано од изворникот на 2017-01-18, Посетено на 2017-01-18