Плашт или мантија — слојот во едно планетарно тело сместен над јадрото и под кората. Сочинет е од карпи или мразови, и најчесто претставува најголемиот и најмасивен слој на телото. Плаштовите се својствени за планетарните тела кои претрпеле раслојување по густина. Плаштови имаат сите земјовидни планети (вклучувајќи ја Земјата), разни астероиди и некои планетарни месечини.

Земјин плашт

уреди
 
Внатрешниот состав на Земјата со горен и долен плашт

Земјиниот плашт е слојот од силикатна карпа помеѓу кората и надворешното јадро. Има маса од 4,01 × 1024 кг, што сочинува 67 % од масата на Земјата.[1] Дебел е 2.900 км[1] и зазема 84 % од зафатнината на Земјата. Претежно е цврст, но во геолошки временски рамки има поведение на вискозна течност. Делумното топење на плаштот во средноокеанските гребени создава океанска кора, а делумното топење на плаштот во зоните на подвлекување дава континентална кора.[2]

Други планетарни плаштови

уреди

Меркур има силикатен плашт дебел 490 км, што сочинува само 28 % од неговата маса.[1] Венериниот силикатен плашт е дебел околу 2.800 км со удел од 70 % од масата.[1] Марсовиот силикатен плашт е дебел 1.600 км, што е ~74–88 % од неговата маса[1] и може да е претставен од хасигнитските метеорити.[3]

Месечини со плаштови

уреди

Јупитеровите месечини Ија, Европа и Ганимед имаат силикатни плаштови; плаштот на Ија (дебел ~1.100 км) е покриен со вулканска кора, Ганимедовиот (дебел ~1.315 км) е покриен со мраз дебел ~835 км, а Европиниот (дебел ~1.165 км) има ~85 км мраз, а можеби и течна вода.[1]

Силикатниот плашт на Земјината месечина е дебел околу 1.300–1.400 км и претстаува извод на месечеви базалти.[4] Месечевиот плашт е соголен во Јужнополово-Ејткеновата Котлина или котлината на Морето на Кризите.[4] Овој плашт има сеизмички прекин на длабочина од ~500 км, најверојатно предизвикан од промената на составот.[4]

Титан и Тритон имаат плаштови сочинети од мраз или други цврсти испарливи супстанции.[5][6]

Астероиди со плаштови

уреди

Некои од најголемите астероиди имаат плаштови;[7] на пример, Веста има силикатен плашт со сличен состав на диогенитските метеорити.[8]

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. 1,0 1,1 1,2 1,3 1,4 1,5 Katharina., Lodders (1998). The planetary scientist's companion. Fegley, Bruce. New York: Oxford University Press. ISBN 978-1423759836. OCLC 65171709.
  2. „What is the Earth's Mantle Made Of? – Universe Today“. Universe Today (англиски). 26 март 2016. Посетено на 24 ноември 2018.
  3. Swindle, T. D. (1 јануари 2002). „Martian Noble Gases“. Reviews in Mineralogy and Geochemistry (англиски). 47 (1): 171–190. Bibcode:2002RvMG...47..171S. doi:10.2138/rmg.2002.47.6. ISSN 1529-6466.
  4. 4,0 4,1 4,2 Wieczorek, M. A. (1 јануари 2006). „The Constitution and Structure of the Lunar Interior“. Reviews in Mineralogy and Geochemistry (англиски). 60 (1): 221–364. Bibcode:2006RvMG...60..221W. doi:10.2138/rmg.2006.60.3. ISSN 1529-6466.
  5. „Layers of Titan“. NASA. 23 февруари 2012. Архивирано од изворникот на 14 септември 2015. Посетено на 7 октомври 2015.
  6. „Triton: In Depth“. NASA. Архивирано од изворникот на 17 ноември 2015. Посетено на 16 октомври 2015.
  7. „Pieces of the Sky – Meteorite Histories“. Griffith Observatory (англиски). Архивирано од изворникот на 10 февруари 2020. Посетено на 24 ноември 2018.
  8. Reddy, Vishnu; Nathues, Andreas; Gaffey, Michael J. (1 март 2011). „First fragment of Asteroid 4 Vesta's mantle detected“. Icarus (англиски). 212 (1): 175–179. Bibcode:2011Icar..212..175R. doi:10.1016/j.icarus.2010.11.032. ISSN 0019-1035.