Планинска тресиопашка

Планинска тресиопашка
Научна класификација
Царство: Животни
Колено: Хордови
Класа: Птици
Ред: Врапчевидни
Семејство: Тресиопашки
Род: Motacilla
Вид: Планинска тресиопашка
Научен назив
Motacilla cinerea
Tunstall, 1771
Синоними

Motacilla melanope
Calobates melanope

Планинската тресиопашка (научMotacilla cinerea) е мала птица од семејството на тресиопашките (Motacillidae). Видот е сличен на жолтата тресиопашка, но жолтото на долните делови е ограничено само на грлото и задникот. Во сезоната на размножување, мажјаците имаат црно грло. Видот е широко распространет, со неколку популации низ Европа и Азија кои се селат во тропските предели на Азија и Африка. Вообичаено можат да се видат на отворените мочурливи места, каде одат сами или во пар по земјата и ловат инсекти. Како и другите птици од ова семејство и овој вид ја тресе својата опашка, лета ниско со брзи свртувања и има остар повик, најчесто во лет.

Таксономија и систематизација

уреди

Планинската тресиопашка за првпат била опишана од Мармадук Танстел во неговата „Орнитологија британика“ од 1771 година.[2]

Односите на овој вид не се доволно расветлени; припаѓа на неафриканскиот клад тресиопашки кои се малку конфузни во надворешната морфологија и мтДНК. Овој вид најверојатно е најблизок до цитронската тресиопашка и подвидот со сина глава од жолтата тресиопашка, но точната поврзаност е нејасна.[3]

Опис

уреди
 
Мажјак M. c. melanope

Оваа вита тресиопашка има права бела линија над окото и скршен престен околу очите. Горните делови ѝ се сиви и во контраст со жолтото кај задникот и белите долни делови. Мажјакот во сезоната на парење има црно грло кое е обрабено со бели линии како мустаќи. Тие пасат крај бреговите на мочуриштата сами или во пар. Ги користат и камењата и гранките од дрвјата за перчење. Имаат јасен остар повик, а пеењето им е содржано од црцорења.[4]

Распространетост и живеалиште

уреди
 
Motacilla cinerea cinerea

Птицата е широко распространета низ палеарктичкиот регион и има неколку добро забележани популации. Номинираната форма (вклучувајќи ја и caspica од Иран, Турција и Кавказ) е од западна Европа, со Британија, Скандинавија и Средоземјето. Расата melanope, која не е целосно издвоена како подвид е опишана како популација која се размножува низ источна Европа и Средна Азија, претежно од Урал, Тјан Шан и Хималаите.[5] Зимуваат во Африка и Азија. Расата robusta се размножува во североисточните делови на Азија и Сибир, проширувајќи сè до Кореја и Јапонија. Овие зимуваат во југоисточна Азија. Островските форми ги вклучуваат: patriciae на Азурен Брег, schmitzi на Мадејра и canariensis на Канарски Острови.

Понекогаш се среќаваат на островите кај западна Алјаска и заскитуваат до Калифорнија на југ.[6]

Поведение

уреди
 
Планинска тресиопашка во Белгија

Сезоната на размножување им трае од април до јули, а гнездата ги сместуваат во близина на брзи потоци или реки, на насипи од камења или меѓу корења.[4] При додворувањето, мажјакот прави кратки летови нагоре и полека, размавтано се спушта надолу испуштајќи серија чипови високи ноти.[7] Во Европа, гнездта често се направени во дупки од човечки структури. Леглото содржи 3-6 испрскани јајца, и може да имаат повеќе легла, но секое наредно има помалку јајца.[8] Вообичаената големина на леглото во Ирска е 5 јајца со успешност од 80%.[9] На Канарските Острови леглата се помали, а сезоната на парење не е толку кратка и точно определена.[10] Инкубацијата трае околу две недели и уште толку за оперјување на пилињата. Живеат најмногу 8 години во дивина.[11][12]

Овие птици се хранат со различни водени безрбетници, вклучувајќи муви, водни цветови, бубачки, ракови и школки.[13] Тие често „пасат“ долж патишата зимно време, одлетувајќи со остар повик чи-чип, но по извесно растојание повторно се враќаат на истото место на хранење.[7]

Зимно време се собираат во мали јата.[14] Тие се враќаат на истите места секоја зима, понекогаш во градските градини.[7][15]

Наводи

уреди
  1. BirdLife International (2012). Motacilla cinerea. IUCN Red List. Version 2012.1. International Union for Conservation of Nature. Посетено на 16 July 2012.
  2. Tunstall, Marmaduke (1771). Ornithologia Britannica: seu Avium omnium Britannicarum tam terrestrium, quam aquaticarum catalogus, sermone Latino, Anglico et Gallico redditus (латински). London, J. Dixwell.
  3. Voelker, Gary (2002). „Systematics and historical biogeography of wagtails: Dispersal versus vicariance revisited“. Condor. 104 (4): 725–739. doi:10.1650/0010-5422(2002)104[0725:SAHBOW]2.0.CO;2.
  4. 4,0 4,1 Rasmussen PC and Anderton, JC (2005). Birds of South Asia: The Ripley Guide. Volume 2. Smithsonian Institution & Lynx Edicions. стр. 317.
  5. Hume, AO (1890). The nests and eggs of Indian Birds. Volume 2. R H Porter, London. стр. 207.
  6. „Checklist of Alaska birds. 15th Edition“ (PDF). University of Alaska, Fairbanks. 2009. Посетено на 1 October 2009.
  7. 7,0 7,1 7,2 Ali, S and Ripley, S D (1998). Handbook of the birds of India and Pakistan. Volume 9 (2. изд.). стр. 290–292.CS1-одржување: повеќе имиња: список на автори (link)
  8. Klemp S. (2000). „Effects of parental effort on second brood, moult and survival in the Grey Wagtail Motacilla cinerea“ (PDF). Ardea. 88 (1): 91–98.[мртва врска]
  9. Smiddy, P. and O'Halloran, J. (1998). „Breeding biology of the Grey Wagtail Motacilla cinerea in southwest Ireland“. Bird Study. 45 (3): 331–336. doi:10.1080/00063659809461104.CS1-одржување: повеќе имиња: список на автори (link)
  10. Rodríguez B., Rodríguez A. (2007). „Breeding biology of Grey Wagtail Motacilla cinerea canariensis on Tenerife, Canary Islands“ (PDF). Acta Ornithol. 42 (2): 195–199. doi:10.3161/068.042.0203. Архивирано од изворникот (PDF) на 2016-03-04. Посетено на 2021-08-14.
  11. Robinson, R.A. (2005). „BirdFacts: profiles of birds occurring in Britain & Ireland“. BTO Research. Посетено на 28 October 2009.
  12. Jørgensen OH (1976). „Migration and Aspects of Population Dynamics in the Grey Wagtail Motacilla cinerea“. Ornis Scandinavica. 7 (1): 13–20. doi:10.2307/3676170.
  13. Santamarina, Jesus (1989). „The Grey Wagtall (Motacilla cinerea) diet in the Ulla river basin, Galicia. NW Spain“ (PDF). Ardeola (шпански). 37 (1): 97–101.
  14. Neelakantan, KK (1964). „Roosting of the Grey Wagtail [Motacilla caspica (Gmelin)] in the Thekkady Wild Life Sanctuary“. J. Bombay Nat. Hist. Soc. 61 (3): 691–692.
  15. Nickell, Walter P (1968). „Return of Northern Migrants to Tropical Winter Quarters and Banded Birds Recovered in the United States“. Bird-Banding. 39 (2): 107–116. doi:10.2307/4511469.

Надворешни врски

уреди