Скаларен бозон
бозон со спин еднаков на нула
Скаларен бозон — бозон чиј спин е еднаков на нула. Поимот потекнува од квантната теорија за полето и се однесува на извесни преобразбени својства при Лоренцова трансформација.
Примери
уреди- За скаларни бозони важат разни сложени честички како алфа-честичката и пионот (пи-мезонот). Кај мезоните разликуваме скаларни и псевдоскаларни мезон, што се однесува на нивните преобразни својства при парност.
- Единствениот фундаментален скаларен бозон според стандардниот модел на елементарните честички е Хигсовиот бозон, чие постоење е потврдено на 14 март 2013 во Големиот хадронски судирач. Поради ова откритие истата година физичарите Питер Хигс и Франсоа Англер ја добиле Нобеловата награда за физика.
- Скаларни бозонски полиња од педагошки причини се користат во мошне популарната -теорија во воведната литература од областа на кватната теорија за полето[1]. Оваа теорија обично служи како нагледен модел за прикажување на основните поими од квантната теорија на полето.
Поврзано
уредиНаводи
уреди- ↑ Michael E. Peskin and Daniel V. Schroeder (1995). An Introduction to Quantum Field Theory. Westview Press. ISBN 0-201-50397-2.