Јелена Томашевиќ

Српска поп пејачка

Јелена Томашевиќ (српски: Јелена Томашевић, р. 1 ноември 1983 во Неготин) — српска поп-пејачка. Таа има добиено голем број награди за нејзините песни, но најголемата слава ја стекна со тоа што ја претставуваше Србија на Евровизија 2008 и го достигна одличното шесто место со песната „Оро“.[1]

Јелена Томашевиќ
Јелена Томашевиќ на Беовизија во 2008
Животописни податоци
Роден(а)1 ноември 1983
ПотеклоКрагуевац, СР Србија, Југославија
Жанровипоп, фолк, етно
ЗанимањаПејачка
Период на активност2001–сегашност
ИздавачиMinacord
СоработнициЖељко Јоксимовиќ
Евровизија 2008

Кариера

уреди

Јелена го започнала нејзиниот пат кон славата уште на 8 години кога победина на детски фестифавл во нејзиниот град Крагуевац. Таа подоцна се приклучила на фолклорниот клуб во Крагуевац „Куд Абрашевиќ“ со кого патувале низ цела Европа и добиле голем број награди, а и Јелена добила доста награди за нејзините вокални способности. Таа била главен вокалист во фолклорната играорна група. Во 1994 година учествувала на „Југословенскиот Детски фестивал“ во Крагуевац и победила.[2]

 
Томашевиќ на Беовизија во 2005.

Од тогаш таа настапувала на неколку меѓународни фестивали во Чешката Република, Белорусија и Бугарија. Таа подоцна се натпреварувала во шоу наречено „3К дур“ кое било режирано според светски познатиот Идол. Во 2005 ја започнала професионалната кариера со познатиот српски пејач Жељко Јоксимовиќ. Тој ја компонирал песната „Јутро“ (Утро) за неа и со таа песна Јелена учествуваше на Европесма 2005. Но, сепак на фестивалот победија црногорската група No Name и тие ја претставуваа Србија и Црна Гора на Евровизија во 2005.

Во 2007 година Томашевиќ потпиша договор со Minacord Records, а веќе во 2008 нејзиниот дебитен албум Panta Rei беше издаден. Најпознати песни од албумот се „Кошава“[3] и „Океани“.

Во 2008 година Жељко Јоксимовиќ за неа ја напиша песната „Оро“ и со оваа песна Томашевиќ ја претставуваше Србија на Евровизија 2008 која се одржа во Белград. Со оваа песна го достигна одличното 6 место за Србија.

Приватен живот

уреди

Јелена го има завршено средното училиште во Крагуевац во 2002. Истата година се запиша на „Факултетот во Крагуевац“ на студии по англиски јазик. Поради музичките ангажмани го оставила факултетот, но сепак планира да го заврши.

Дискографија

уреди

Албуми

уреди
  • Panta Rei (2008)

Песни

уреди
  • „Кад не буде твоје љубави“ (2004)
  • „Јутро“ (2005)
  • „Нема Кога“ (2006)
  • „Оро“ (2008)
  • „Кошава“ (2008)
  • „Океани“ (2008)
  • „Time To Pray“ (2009)

Надворешни врски

уреди

Наводи

уреди
  1. JELENA TOMAŠEVIĆ FAVORIT[мртва врска]
  2. Jelena Tomašević Архивирано на 1 април 2008 г.]
  3. „PREMIJERA SPOTA JELENE TOMAŠEVIĆ ZA PESMU „KOŠAVA". RTS. Архивирано од изворникот на 2009-03-14. Посетено на 2008-03-29.