Бенингштет (германски: Bönningstedt) — општина во округот Пинеберг, во Шлезвиг-Холштајн, Германија. Се наоѓа околу 8 километри источно од Пинеберг и 13 километри северно од Хамбург. Миленау и Ругенведелзау течат низ општината.

Бенингштет
Црква во Бенингштет
Црква во Бенингштет
Црква во Бенингштет
Грб на Бенингштет
Бенингштет во рамките на Германија
Бенингштет
Управа
Земја Германија
Покраина Шлезвиг-Холштајн
Округ Пинеберг
Градоначалник Петер Лиске
Основни податоци
Површина 12,05 км2
Надм. височина 13 м
Население 4.529 (31 декември 2020)[1]
 - Густина 376 жит/км2
Други информации
Часовен појас CET/CEST (UTC+1/+2)
Рег. табл. PI
Пошт. бр. 25474
Повик. бр. 040
Портал boenningstedt.de
Местоположба на Бенингштет во рамките на округот Пинеберг
Карта
Карта
Координати 53°39′57″N 9°54′23″E / 53.66583° СГШ; 9.90639° ИГД / 53.66583; 9.90639

Кон општината припаѓаат местата Винцелдорф и Ругенберген. Бенингштет бил седиште на поранешната истоимена општинска заедница. Помеѓу јануари 2007 година и јануари 2013 година бил дел од општинската заедница Пинау. До 1 август 2008 година претставувал и нејзино седиште, откога тоа било преместено во Релинген. Од 1 јануари 2013 година ја напуштила општинската заедница Пинау и сега претставува слободна општина, која административно соработува со градот Квикборн.[2]

Бенингштет е поврзан со јавниот сообраќаен систем на Хамбург преку железничката компанија АКН.

Повикувачкиот број во Бенингштет започнува со 040 (за Хамбург), иако општината се наоѓа во покраината Шлезвиг-Холштајн, каде броевите започнуваат со 041XX.

Наводи уреди

  1. „Население во разните административни единици на Шлезвиг-Холштајн во 2020 г.“. Статистичка служба за Хамбург и Шлезвиг-Холштајн. јуни 2021. (германски)
  2. Pinneberger Tageblatt, 14 септември 2012[мртва врска]

Надворешни врски уреди