Релинген (Шлезвиг-Холштајн)

Релинген (германски: Rellingen) — општина во округот Пинеберг, во Шлезвиг-Холштајн, Германија. Општината се состои од местата Релинген-Ост, Крупундер и Егенбител. Се наоѓа околу 7 километри источно од Пинеберг и 10 километри северозападно од Хамбург.

Релинген
Црквата во Релинген
Црквата во Релинген
Црквата во Релинген
Грб на Релинген
Релинген (Шлезвиг-Холштајн) во рамките на Германија
Релинген (Шлезвиг-Холштајн)
Управа
Земја Германија
Покраина Шлезвиг-Холштајн
Округ Пинеберг
Месни единици 3
Градоначалник Анја Ратке
Основни податоци
Површина 13,18 км2
Надм. височина 5−15 м
Население 14.725 (31 декември 2022)[1]
 - Густина 1.117 жит/км2
Други информации
Часовен појас CET/CEST (UTC+1/+2)
Рег. табл. PI
Пошт. бр. 25462
Повик. бр. 04101
Портал www.rellingen.de
Местоположба на Релинген во рамките на округот Пинеберг
Карта
Карта
Координати 53°39′N 9°49′E / 53.650° СГШ; 9.817° ИГД / 53.650; 9.817

Општината претставува административно седиште на општинската заедница Пинау, иако самата општина не е член на заедницата.

Географија

уреди

Релинген се наоѓа на Миленау, непловна притока на Пинау.

Сообраќај

уреди

Релинген е близу сојузниот автопат Б23. Хамбуршката С-Железница (линија 3) и автобускиот систем (линиите 185, 195, 295 и 295) го поврзуваат Релинген со Хамбург.

Архитектура

уреди

Релинген е познат по својата лутеранска црква. Архитект бил Кај Дозе. Претходната црковна градба била тешко оштетена во текот на Триесетгодишната војна. Била повторно изградена во периодот 1754-1756, кога била и проширена. Црквата има осумаголен облик и поседува камбанарија.

Наводи

уреди
  1. „Население во разните административни единици на Шлезвиг-Холштајн во 2022 г.“. Статистичка служба за Хамбург и Шлезвиг-Холштајн. јуни 2023. (германски)

Надворешни врски

уреди