Пештер (Јегуновце)

археолошко наоѓалиште во Македонија
Пештер

Поглед на Пештер и црквата Св Ѓорѓи

Карта

Местоположба 42°04′35″N 21°08′53″E / 42.07639° СГШ; 21.14806° ИГД / 42.07639; 21.14806
Основни податоци
Место Јегуновце
Општина Јегуновце
Тип

 некропола


Период доцен среден век
Портал „Археологија“

Пештер — археолошко наоѓалиште т.е. некропола од доцниот среден век во тетовското село Јегуновце. Таа се наоѓа на околу 2 км источно од селото, во подножјето на Жеден кај истоимената месност, на мала височина каде се гледаат гробови градени од камени плочи, со насоченост исток-запад.[1]

Во месната култура

уреди

Денес месноста Пештер е доста посетувано место, особено во педвечерието на празникот Свети великомаченик Георгиј Победоносец или во народот познат како Ѓурѓовден, кога православните верници од Јегуновце традиционално го одбележуваат на Пештер. Месноста се нарекува така поради огромната вдлабнатина во карпестиот дел од планината Жеден која личи на пештера, долга и широка околу триесетина метри. Јегуновчани за Ѓурѓовден во Пештер доаѓаат од дамнина. Според традицијата, во предвечерието или ден пред празникот, на 5 мај се доаѓа во месноста бидејќи постои верување дека има чудотворна моќ. Обичајот и верувањето вели дека човек ако има мака или желба која сака да му се исполни, треба на ден пред Ѓурѓовден да дојде тука во Пештер. Во Пештер одозгора капе вода. Доколку на денот успее трипати по ред да голтне од капките, се верува дека желбата што ја замислил порано ќе му се оствари. Близу Пештер пред неколку стотини години се наоѓале заеднички гробишта на Јегуновце и Подбреѓе. Луѓето одејќи на погреби понекогаш морале да се засолнат во пештерата поради поплави од реката Вардар, која поминува во близина. Чекајќи да престанат дождовите и поплавите, тие зборувале за своите маки. Честопати се случувало следниот пат кога ќе се засолнеле да си кажат дека проблемот бил решен. Оттаму и верувањето дека местото има чудотворна моќ.[2] Од 2004 година кога почнала возобновувањето на црквата „Свети великомаченик Георгиј Победоносец“, обележувањето на предвечерието на празникот се врши со мал водосвет и режење на славскиот колач.[3]

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. „Студија за оценка на влијанието на реконструкцијата и изградбата на 110 kV ДВ "ТС Скопје 1 - ТС Југохром - ТС Тетово 1" врз животната средина“ (PDF). МЕПСО. Посетено на 2010-09-12.[мртва врска]
  2. „Ѓурѓовден во Пештер“. Крале Марко. Посетено на 2010-11-02.
  3. „МАКЕДОНСКА ПРАВОСЛАВНА ЦРКВА-ПОЛОШКО КУМАНОВСКА ЕПАРХИЈА-ТЕТОВСКО АРХИЕРЕЈСКО НАМЕСТНИШТВО СООПШТЕНИЕ!“. Тетовско Архиерејско намесништво. Посетено на 2010-11-02.