Пецо Видимче
Пецо Видимче (Битола, 8 октомври 1921 - Скопје, 12 октомври 2010) — македонски сликар.[1][2]
Пецо Видимче | ||
Роден | 8 октомври 1921 Битола, Кралство на Србите, Хрватите и Словенците | |
---|---|---|
Починал | 12 октомври 2010 Скопје, Македонија | |
Занимање | академски сликар, ликовен уметник, професор по ликовна уметност |
Животопис
уредиПецо Видимче е роден на 8 октомври 1921 година во Битола, тогаш во Кралството на Србите, Хрватите и Словенците.[2] Во 1952 година дипломирал ликовна уметност во Белград во класата на професорот Неделко Гвозденовиќ. Како стипендист на Фондот „Моша Пијаде“[2] бил на студиски престој во Италија (1954) и Франција (1960).[1] Во 1953 година станал член на Друштвото на ликовните уметници на Македонија (ДЛУМ) и учествувал во сите негови изложби. Во 1955 година заедно со уметниците Јован Димовски, Методија Ивановски-Менде, Перо Спироски и Борислав Траиковски ја основале групата ВДИСТ.[2] Критиката високо ги оценува нивните дела.[1][2]
Видимче имал самостојни изложби во Битола, Скопје и Куманово и учествува на групните во Југославија, Велика Британија и Италија. Предавал ликовна уметност во гимназијата „Георги Димитров“ во Скопје.[2]
Починал на 12 ноември 2010 година во Скопје.[2]
Награди
уреди- Награда „4 Ноември“ за ликовна уметност (1960)
- Награда „13 Ноември“ за ликовна уметност (1976)
- Трета награда на Извршниот совет на Социјалистичка Република Македонија (1977)
- Македонски пејзаж (1977)
- Нерешки мајстори (1977)
- Награда „11 Октомври“ за животно дело (1982)
Наводи
уреди- ↑ 1,0 1,1 1,2 Андоновска, Ленче; Ѓоргиевски, Науме, Николов, Благој, Огненовски, Трајко, Пешевска, Гордана, Стефановска, Анета, Талеска, Светлана (2007). Значајни личности за Битола. Битола: НУУБ „Св. Климент Охридски“ – Битола. стр. 42. ISBN 978-9989-2783-0-3.CS1-одржување: повеќе имиња: список на автори (link)
- ↑ 2,0 2,1 2,2 2,3 2,4 2,5 2,6 „Пецо Видимче“. Daily Macedonia. 2010-11-16. Посетено на 2019-01-26.