Петре Димовски
Петре Димовски (раскажувач, романописец, моно-драмски писател) — роден 1946 година во Брод, Битола. Од 1966 до 1969 година бил печалбар во Австралија. Во 1975 година дипломирал на Филолошкиот факултет во Скопје. Работел како референт за компјутерска обработка на податоци, лектор и новинар. Моментално работи како професор во Битола. Го покренал и уредувал списанието за литература Раст.
- Ги објавил следните дела:
- Преломи, раскази, КММ 1973
- Жед и жештини, раскази, БИД Мисирков 1994
- Пламенка, роман, Нова зора 1996
- Резервна тајна, роман, Наша книга 1997
- Крилја, роман, Наша книга 1998
- Сонце во ќелијата, роман, Матица 2000
- Ни свој, монодрами, Матица 2002
- Црната мачка, раскази, Култура 2002
- Балканскиот ѓавол, роман, Феникс 2004
- Големата авантура, роман, Врв 2007
- Потрага по корените, роман, Дијалог 2008.
Добитник — на Наградата 4 ноември за збирката раскази Жед и жештини,на Првата награда на БИД Мисирков за романот Пламенка, Наградата на Фестивалот на монодрамата за монодрамите Ни свој, Наградата Тренд на ИК Феникс за романот Балканскиот ѓавол, наградата Ванчо Николески на Друштвото на писателите на Македонија за романот Големата авантура и наградата на ТВ Орбис.
Оваа биографска статија е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |