Петер Павел Главар
Петер Павел Главар (2 мај 1721 – 24 јануари 1784) — крањски римокатолички свештеник, пчелар, писател и деловен човек.
Петер Павел Главар | |
---|---|
Роден(а) | 2 мај 1721 Љубљана, Војводство Крањска, Надвојводство Австрија |
Починал(а) | 24 јануари 1784 | (возр. 62)
Занимање | Римокатолички свештеник пчелар писател деловен човек |
Главар е роден во Љубљана и бил вонбрачно и напуштено дете на малтешкиот благородник Пјетро Џакомо де Тестаферата и на слугинка мештанка.[1][2] Тој е израснат во Воповље во северна Крањска.[1] Бидејќи брзо учел, отишол да учи за свештеник во Љубљана и околу 1738 година во Грац, каде што станал магистер на слободни уметности (латински: magister artium liberalium).[2] Таму се запознал и со економските теории на француските физиократи. Неговото образование било широко и течно зборувал неколку европски јазици.[1]
Главар се вратил во Крањска околу 1743 година.[2] Тој се населил во Коменда во северниот дел на Крањска, каде што основал училиште во 1751 година и подигнал бенефициска зграда со библиотека во 1752 година.[3] Библиотеката сè уште постои и содржи околу 2.000 книги од мноштво области на науката и уметноста.[1][3] Моќната липа во Коменда веројатно била засадена од Главар во 1748 година и е именувана по него.[4] Главар соработувал со уметници и му наредил на Франц Јеловшек да ја наслика куќата на корисникот и месната црква.[3] Од 1754 до 1760 година,[5] ја уредувал првата парохиска семејна книга на словенечки јазик, пишувајќи ги податоците за жителите на Коменда.[1] Во 1761–66 година, тој ја подигнал високобарокната црква „Св. Ана“ во Туњице.[6]
Во 1766 година, Главар го купил замокот Ланшпреж (словенечки: Lanšprež, германски: Landspreis) во Гомила кај Мирна во средишниот дел на Крањска,[2] каде што чувал пчеларник со околу 200 прилично профитабилни сандаци.[1] Таму основал и пчеларско училиште и напишал неколку текстови за пчеларството, меѓу кои и Pogovor o čebelnih rojih (Разговор за пчелните роеви) од 1776–78 година, кој бил првиот научен текст на словенечки јазик, но бил изгубен и објавен дури во 1976 година.[7] Тој бил поддржувач на сиромашните студенти.[1] Починал во замокот Ланшпреж на 62-годишна возраст. Неговиот имот бил распределен меѓу сиромашните и користен за основање на Главаровата болница во Коменда во 1804 година.[1]
Во 2006 година, бил продуциран ТВ-документарен филм за Петер Павел Главар.[3]
Наводи
уреди- ↑ 1,0 1,1 1,2 1,3 1,4 1,5 1,6 1,7 „GLAVAR, Peter Pavel“. Gorenjci.si (словенечки). Градска библиотека Крањ. Архивирано од изворникот на 2016-08-10. Посетено на 23 ноември 2023.
- ↑ 2,0 2,1 2,2 2,3 Glonar, Joža (1925). „Glavar Peter Pavel“. Во Vide Ogrin; Petra; Cankar; Izidor (уред.). Slovenski biografski leksikon (словенечки). ISBN 978-961-268-001-5.[мртва врска]
- ↑ 3,0 3,1 3,2 3,3 „Filmski portret Petra Pavla Glavarja“ [A Film Portrait of Peter Pavel Glavar]. MMC RTV Slovenija. 10 декември 2006. ISSN 1581-372X. Посетено на 23 ноември 2023.
- ↑ Šmid Hribar, Mateja; Golež, Gregor; Podjed, Dan; Kladnik, Drago; Erhartič, Bojan; Pavlin, Primož; Ines, Jerele (уред.). „Glavarjeva lipa“. Enciklopedija naravne in kulturne dediščine na Slovenskem – DEDI [Енциклопедија на природното и културното наследство на Словенија] (словенечки). Посетено на 23 ноември 2023.
- ↑ Demšar, Viktorijan (1979). „Prebivalci Komende po družinski knjigi Petra Pavla Glavarja“ [The Inhabitants of Komenda as Described in the Family Book by Peter Pavel Glavar]. Kronika: časopis za slovensko krajevno zgodovino [The Chronicle: the Newspaper for the Slovenian History of Places] (словенечки). Association of Slovenian Historical Societies, Section for the History of Places. 27 (1). ISSN 0023-4923.
- ↑ Vidrih, Rebeka. „Cerkev sv. Ane v Tunjicah“. Во Šmid Hribar, Mateja; Golež, Gregor; Podjed, Dan; Kladnik, Drago; Erhartič, Bojan; Pavlin, Primož; Ines, Jerele (уред.). Enciklopedija naravne in kulturne dediščine na Slovenskem – DEDI [Енциклопедија на природното и културното наследство на Словенија] (словенечки). Посетено на 23 ноември 2023.
- ↑ Ciraj, Marta (2011). „Pogovor o čebelnih rojih“. Во Šmid Hribar, Mateja; Golež, Gregor; Podjed, Dan; Kladnik, Drago; Erhartič, Bojan; Pavlin, Primož; Ines, Jerele (уред.). Enciklopedija naravne in kulturne dediščine na Slovenskem – DEDI [Енциклопедија на природното и културното наследство на Словенија] (словенечки).