Петар Мостров (роден на 5 април 1929 година во Охрид - починал на 14 април 1996 година во Охрид) — македонски лекар, ортопед.[1]

Петар Мостров
Роден 5 април 1929
Охрид, Кралство Југославија
Починал 14 април 1996
Охрид, Македонија
Националност Македонец
Занимање ортопед

Животопис

уреди

По завршувањето на Медицинскиот факултет во Скопје (1958/59) Мостров започнал да работи во Болницата за костнозглобна ТБЦ во Охрид, чиј в.д. директор бил од 1961 до 1967 година, кога и специјализирал ортопедија во Скопје и Белград. Бил директор на оваа институција (1967–1974). Примариус е од 1974 и до пензионирањето бил советник во Болницата.

Наводи

уреди
  1. Ристовски, Блаже, уред. (2009). „Мостров“. Македонска енциклопедија. , книга II (М-Ш). Скопје: МАНУ. стр. 992. Text "series " ignored (help)