Панче Васков
Панче Васков со псевдоним Жапон (10 јуни 1870, Велес - 1951, Велес) е македонски револуционер, деец на Македонско-одринската револуционерна организација.[1]
Биографија
уредиПанче Васков е роден во Велес, негови родители биле Никола Васков и Марија Коробар. Никола Васков со семејството живеел во куќата на Михајле Коробар. Родителите Никола и Марија имале уште три сина и две ќерки а Панче Васков е второто родено дете. Неговиот постар брат Милан бил посинет во семејството Мартулкови.
Основно училиште завршил во родниот град Велес, а гимназија во Солун со одличен успех. Како солиден ученик успеал да добие стипендија од општината Велес и да се запише на цивилниот Медицински факултет во Цариград, веројатно во 1888/89 година. Панче знаел добро француски и руски јазик па покрај турските медицински учебници учел и од француски учебници. Во текот на студиите посебно внимание посветувал на хируршките гранки и во неговата диплома е запишано „Д-р на медицина и на хирургија“. Студирал до 1896 година.
Тогаш во Османската империја како четврто дете на Никола Васков. Брат е на ПетарВасков, Иван и Јордан. Тој како и семејството Васкови немале своја куќа, живееле во куќата на вујкото на Панче, Андреј Корабаров, еден од организаторите на ВМОРО во градовите.[1]
Васков започнал да се занимава со медицина во Костур, Коња и на други места. Во Костур бил еден од основачите на комитетот на ИМРО. Во 1896 година бил уапсен од турските власти и осуден на доживотен затвор и испратен во затворот Кој Џааз во Мала Азија. Му било дозволено да го лечи населението во Мала Азија, и тие го прогласиле за народен лекар.[1] Во 1900 година, тој бил амнестиран од султанот за неговите услуги во затворот и се вратил во Велес, каде бил назначен за егзархиски лекар и ги лечел пациентите во тој период најмногу од маларија и туберкулоза.
Панче Васков бил близок со водачот на локалните социјалисти, Петар Алчев. [1] За време на востанието Илинден-Преображенско им помагал на ранетите бунтовници. [2] Водачите на ВМОРО Гоце Делчев, Даме Груев, Петар Попарсов, Ѓорче Петров често престојувале во куќата на Коробарови, каде што живеел Васков. Во оваа куќа, по иницијатива на д-р Васков, била формирана Првата македонска учителска општина, во која членуваат Христо Крастев од Радовиш, Димитар Битраков од Охрид и Димитар Хаџидинев од Дојран.
По Младотурската револуција во 1909 година, тој бил избран од Велес за еден од 25-те бугарски пратеници за албанската конференција во Цариград. [3] Васков исто така имал големи заслуги за време на големата епидемија на колера и тифус во Велес од 1910 до 1914 година. Тој раководел со две болници и неговите напори спасиле многу луѓе. [1] Носител е на Орден за заслуги, доделен од бугарската држава за време на Првата светска војна. [4]
После војната Васков продолжил да биде директор на болницата и останал на тоа место и во годините на Втората светска војна и после неа.[1]
Д-р Панче Васков сепак доживеал длабока старост и починал на 81 година, во неговиот роден град Велес во 1951 година.[1]
Неговиот син Благој Васков е виден ветеринарен лекар.
Наводи
уреди- ↑ 1,0 1,1 1,2 1,3 1,4 1,5 1,6 Андреевски, Стоилко. „Народниот лекар и познат Велешанец, д-р Панче Васков“. Дума. Посетено на 29 јуни 2020 г. Проверете ги датумските вредности во:
|accessdate=
(help) - ↑ Македонска енциклопедија, том I. Скопје: Македонска академија на науките и уметностите. 2009. стр. 248. ISBN 978-608-203-023-4.
- ↑ Дебърски глас, година 1, брой 16, 19 юли 1909, стр. 1.
- ↑ ДВИА, ф. 1, оп. 4, а.е. 2, л. 209-210